ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европратеничка ќе иницира воведување посебни возачки дозволи за управување со СУВ возилата

September 12, 2023 09:20
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Француската европратеничка Карима Дели од редовите на партијата Европа Екологија Зелени (ЕЕЛВ) планира да иницира воведување на посебни возачки дозволи за управување на СУВ возилата, како дел од напорите за намалување на емисиите на штетните гасови што тие ги испуштаат, но и за зголемување на безбедноста на пешаците, велосипедистите и возачите на помали автомобили.

– СУВ возилата не само што заземаат повеќе простор и се помалку енергетски ефикасни, туку и во однос на безбедноста на патиштата има поголема веројатност тие да бидат предмет на несреќи со многу посериозни последици, отколку полесните патнички автомобили, наведува Дели во својот предлог.

Таа смета дека Б возачката дозвола, која е неопходна за управување автомобили и комбиња „не е целосно погодна за тешките патнички возила“, па затоа треба да се воведе посебна Б+ дозвола, што ќе важи за управување автомобили и комбиња со тежина од над 1,8 тони. Право на ваква Б+ дозвола, според идејата на Дели, би имале возачи кои најмалку две години поседуваат Б возачка дозвола и се постари од 21 година.

Европратеничката во нејзиниот предлог, сепак, предвидува исклучоци за професионални возачи и за оние кои управуваат возила за специјални намени, како возилата за Брза помош.

Дили, исто така, предлага и воведување на систем за возачки дозволи заснован на бодови на ниво на ЕУ, со кој би се водела евиденција за сообраќајните прекршоци и на одреден број казнени бодови дозволите би се одземале или суспендирале.

– Таквиот систем има потенцијал да го намали бројот на несреќи и смртни случаи на нашите патишта, наведува Дели.

Во ЕУ засега не постои единствен систем за казнени поени или забрани за возење, иако во пакетот мерки за зголемување на безбедноста на патиштата, што во март го предложи Еврокомисијата, се предвидува забрана за управување возила на ниво на целата Унија за сторителите на сериозни сообраќајни прекршоци.

Tags: ВозиладозволиЕУ
Next Post

Мицотакис на средби со Мецола и фон дер Лајен за европска финансиска поддршка за Грција

Shortcut

Најново

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk