ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шкријељ: Изминативе години се изградени или се во фаза на градење над 860 социјални станови низ целата држава

September 13, 2023 13:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

„СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, особено за подобрување на квалитетот на животот на ранливите. Со конкретни мерки и политики, на стотици ранливи семејства ширум државата  им помагаме да решат еден од најголемите животни предизвици –  обезбедување дом“, истакна на денешната прес-конференција пратеничката Санела Шкрјељ.

Таа нагласи дека изминативе години се изградени или се во фаза на градење над 860 социјални станови низ целата држава.  Во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија,  Демир Капија но и на други места. Изградбата на социјални станови продолжува и во периодот што следи во Велес, Неготино, Бутел, Дебар и Кочани.

„Ваквите политики кои ги креираме и коишто ги спроведуваме не дозволуваат да постои огромен јаз меѓу можностите и потребите на голем број домаќинства во нашата држава и значат обезбедување на домување на сите оние на кои тоа им е потребно а не се во можност.

И оваа година СДСМ со конкретни мерки ќе ги заштити ранлвиите групи граѓани исто како и лани за време на најголемата енергетска и економска криза. Само буџетот на Министерството за труд и социјална политика за развој на  социјални услуги годинава е зголемен за 5,5 милиони евра.

СДСМ во изминатите неколку години драстично ја зголеми и социјалната помош, а преку социјалната реформа ја зголемивме поддршката за лицата со попреченост и нивните семејства.

Воведовме и траен надоместок, наменет за родители на деца со попреченост кои грижејќи се за своето дете со попреченост, не оствариле право на вработување и, последователно, на пензија. Воедно ги ослободивме од партиципација лицата со попреченост, што беше и нивно долгогодишно барање.

Грижата за сите граѓани, социјалната заштита и поддршката во секој период од животот останува приоритет за СДСМ и институциите што ги предводи“, рече Шкријељ.

Tags: Санела ШкријељСоцијални станови
Next Post

Писонеро за МИА: ЕУ е загрижена дека измените во Кривичниот законик може да влијаат врз случаите на корупција на високо ниво

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk