ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вода, кал, мртви животни и уништени домови и бизниси во поплавените делови во Грција

September 14, 2023 12:53
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе десетти ден повеќе села во близина на грчките градови Лариса, Кардица и Волос се под вода и кал, а во тек е и проценувањето на штетата на домовите и бизнисите во поплавените подрачја од невремето „Даниел“ кое беше катастрофално за централниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Противпожарната служба на Грција од почетокот на невремето минатиот вторник, заклучно со денеска наутро, биле спроведени 4.594 спасувања- пренесувања на лица на безбедни локации, од кои мнозинството се во областа Тесалија.

Паралелно во петокот и вчера беа пронајдени безживотни тела на маж и жена и голема е веројатноста дека се исчезнатите туристи од Австрија.

Според грчките медиуми, телото на жената пронајдено во петокот денеска било идентификувано и станува збор за Австријката.

Доколку телото пронајдено вчера му припаѓа на нејзиниот сопруг, тогаш бројот на загинати во невремето „Даниел“ ќе се зголеми на 17 лица, со оглед на тоа дека официјално, потврдени се 15 жртви, а двајца, односно парот од Австрија се водеа за исчезнати.

Дополнително, во поплавените подрачја постои опасност по јавното здравје, а водата во дел од погодените општини не е погодна за употреба.

Според алтернативната министерка за здравство на Грција Ирини Агапидаки, во подрачните единици Лариса, Магнисија, Трикала и Кардица, до вчера и завчера 1.396 лица побарале здравствена помош, а од нив имаме 48 имале гастроентеритис и 65 респираторни инфекции.

Со оглед на тоа што во погодените подрачја има голем број фарми и сточари, во тек е и акција за собирање и отстранување на мртвите животни, процес во кој ќе се вклучи и војската.

Заклучно со вчера попладне биле собрани 56.000 угинати животни, од кои, според надлежниот министер за земјоделство Лефтерис Авгенакис, 24.856 се овци и кози, 23.900 се птици, 7.500 свињи и 35 говеда.

Tags: Грцијажртвипоплави
Next Post

Борел: Денеска ќе видиме дали Вучиќ и Курти се подготвени да преземат одговорност

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk