ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бехтел и Енка стартуваа со изведбата на модерниот автопат Прилеп-Битола во должина од 40 километри

September 14, 2023 17:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со изведбата на патниот правец Прилеп – Битола, ќе добиеме најмодерно автопатско решение во должина од 40 километри и со тоа, практично ќе биде заокружена една голема градежна инфраструктурна офанзива во однос на нови, модерни автопатишта во нашата држава. Ова го изјави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, кој денеска  присуствуваше на симболичното минирање на трасата за автопатот.

На настанот присуствуваа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, претставниците на изведувачот „Бехтел и Енка“ и заменик-амбасадорот на САД, Ерик Мајер.

Автопатот е во должина од 40 километри.

– Со изведбата на овој патен правец, ќе добиеме најмодерно автопатско решение во должина од 40 километри и со тоа практично ќе биде заокружена една голема градежна инфраструктурна офанзива во однос на нови, модерни автопатишта во нашата држава. Во полн ек се градежните работи на патните правци Градско – Прилеп каде што, пред само неколку дена, имавме можност да го видиме пробивањето и на вториот тунел на Фаришка клисура. Исто така, се одвиваат работите и на патниот правец кој води кон Фаришка клисура, што значи дека со завршувањето на сите овие патни правци, ќе имаме комплетно автопатско решение од Коридорот 10, исклучување кон Прилеп, Битола и патот кон Меџитлија кон грчка граница, истакна премиерот додавајќи дека овие зафати на граѓаните од овој регион, им биле ветувани со децении, но, досега не биле реализирани.

Овие работи се најголемата патна инвестиција во државава. Ковачевски истакна дека во моментов во тек се саеми за работа на Коридорите 8 и 10-д, а ќе се организираат насекаде низ државава.

Денеска е и саемот во центарот на Прилеп. За сите градежни работи на коридорите се потребни околу 2.000 вработени, а досега имало преку 360 апликации.

Според министерот за транспорт и врски, градежните активности на терен добиваат своја динамика и многу се битни за економскиот и инфраструктурниот развој на пелагонискиот регион.

– Да го тргнеме настрана скептицизмот, на пелагонискиот регион му требаат нов автопат, нови инвестиции, а изградбата на овој автопат е одговор на сите барања на граѓаните од овој регион. Градежните активности на терен добиваат своја динамика, денеска ова минирање подразбира дел од вкупниот процес за изградба на оваа патна врска меѓу Прилеп и Битола и сакам веднаш да потенцирам дека активностите се реализираат и побрзо од очекувањето и планираната динамика, рече Бочварски.

Ова е голем успех и зафат и е битно за целиот развој на Република Северна Македонија и за привлекување странски инвестиции, нагласи заменик-амбасадорот на САД.

– Ова автопатска делница е многу битна за Република Северна Македонија, особено за Прилеп и Битола, зашто ги поврзува со модерено, сигурно и современо автопатско решение. За граѓаните се отвораат и работни места и се развива и приватниот сектор, подвлече Мајер.

Со модифициран пристап за скратување на времето за сите активности, од проекти до дозволи, паралелно се работи на испитувањата, на екпропријацијата, на градежните активности.

– Имаме одлично темпо за геомеханичките испитувања на сите траси. Истовремено, веќе имаме подготвени елаборати за експропријација, дел од нив се веќе доставени во Бирото за вештачење и сите државни институции поврзани со експропријацијата работат интензивно. Тука сме денеска и почнуваме со градежните работи. Овој е историски проект со кој ја заокружуваме патната инфраструктура во Македонија. Ќе градиме по 23 километри годишно. За да немаме проблеми, како што е автопатот Кичево-Охрид, го сменивме моделот на работа со „Бехтел и Енка“, појасни директорот на ЈП за државни патишта.

Наместо со моделот „Црвениот Филип“, како што рече Рустеми, сега се работи според модифициран модел „Филип“.

– Тоа значи дека сите тие процедури кои кај „Црвениот Филип“ траеја 10 години, почнувајќи од физибилити студијата, со инфраструктурен и главен проект, дозвола за инфраструктурен проект и за главен проект, сега овие процедури со „Бехтел и Енка“, ги реализираме за пет месеци. Паралелно работиме и на геомеханичките испитувања, на подготвувањето елаборати за експропријација и подготвувањето и проектирањето на урбанистичките проекти и на главен проект, бидејќи одиме да проектираме дел по дел и дел по дел да градиме. Сега, моментално, сите овие активности се одвиваат паралелно, бидејќи ние имаме капацитет поради формирањето на посебниот тим, ангажиравме инженери од Македонија како експерти, истовремено ни помага и надзорот и секојдневно заедно работиме. Сега, трасите се веќе определени, течат геомеханичките испитувања, при крај се елаборатите за експропријација, тие се доставуваат во Бирото за вештачење и кога ќе ги имаме оценките за сите парцели, ги доставуваме кај државниот правобранител, а потоа и во Имотно-правни работи. Имаме делови со државни парцели и со нив прво почнуваме и затоа е брзоградба. Истовремено проектираме и градиме, додаде Рустеми, кој одговараше и на новинарско прашање за текот на работите.

Tags: „Бехтел и Енка“автопат Прлеп-БитолаКовацевскиКоридор 10 д.
Next Post

Отворен Саемот за вработување на Бехтел и Енка во Прилеп, потребни повеќе од 2 илјади работници

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

ВОЛК ЗАЛОВЕН ВО СКОПСКА НАСЕЛБА: Бил чуван незаконски со ремче и ланец

May 13, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk