ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Како средношколскиот прирачник за хетеросексуалност стана прирачник за дезинформации?

Оригиналниот „Хетеросексуален прирачник“ е објавен уште во 1972 година, а целта на авторот била преку одговарање незгодни прашања, хетеросексуалците да се стават на местото на хомосексуалците. Од Бирото за развој на образованието, во работните листови, очигледно, заборавиле да напишат која била целта на вежбата

September 14, 2023 20:15
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во далечната 1972 година, Мајкл Рошлин, пионер во полето на геј-афирмативната психотерапија, објавил прирачник со кој сакал преку пародија да ги долови сите предрасуди и стереотипи за хомосексуалците. Така е создаден „Хетеросексуалниот прирачник“ (The Heterosexual  Questinnaire), во седумдесетите години, кој на некој начин, во 2011 година, само со погрешна интерпретација, се наоѓа во македонското образование, во работните листови за учениците од средните училишта – Образование за животни вештини, објавени уште во 2011 година од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Дванaесет години подоцна, односно денеска, овој прирачник стана главна тема со жестоки реакции на социјалните мрежи, а во Струмица „Родителски фронт“ организира информативен собир, против, како што велат, родовата идеологија во наставните содржини во основното и средното образование. Нејасно останува како овие работни листови се актуелизираа токму сега, и покрај објаснувањата и демантот од Бирото за развој на образованието (БРО). 

Вистината за овој прирачник е малку поинаква од она што се презентира во јавноста. Имено, во работните листови, во делот каде што стојат прашањата за хетеросексуалците, набројани се следните: 

  1. Што сметате дека ја предизвика вашата хетеросексуалност?
  2. Кога и како прв пат сфативте дека сте хетеросексуалец/ка?
  3. Дали е можно вашата хетеросексуалност да е само фаза којашто ќе ја надминете?
  4. Дали е можно вашата хетеросексуалност да потекнува од страв од истиот пол?
  5. Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?
  6. Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?
  7. Зошто вие хетеросексуалците се обидувате да ги натерате сите да бидат со вашата сексуална ориентација?
  8. Зошто мора насекаде да ја промовирате вашата хетеросексуалност? Нели може само да бидете она што сте без врева?

Оригиналните прашања во „Хетеросексуалниот прирачник“ и овие во македонските работни листови се идентични, но во работните листови поентата е сосема погрешно интерпретирана и вметната во материјалот.

Целта на авторот на оригиналниот прирачник, како што може да се види од голем број описи на истиот, е преку одговарање на незгодни прашања, хетеросексуалците да се стават на местото на хомосексуалците, за да можат да разберат како им е ним кога се соочуваат со прашања од различен тип и не се прифаќаат од општеството.

„Неговата цел беше да им даде на хетеросексуалните емпатија за тоа како е да се биде хомосексуалец во хетеро-општество. Истражувањето, кое беше создадено во 1972 година, привремено ги става хетеросексуалните луѓе во кожата на геј луѓето поставувајќи прашања и правејќи претпоставки кои ја оспоруваат хетеросексуалната мисла како „нормална“. Читателот е поканет во обратна средина, со цел да се демонстрира апсурдноста на општеството „ние/тие“ во однос на сексуалноста“, се вели во описот на прирачникот.

„Прашалникот е пародија на прашања кои терапевтите користејќи конверзија им ги поставуваат на поединците во врска со нивната сексуалност, но овој прашалник ги заменува честите прашања за хомосексуалноста со прашања поврзани со хетеросексуалноста“, се вели во друг опис за истиот прирачник.

Авторот на оригиналниот прирачник, односно прашална вежба, Мајкл Рошлин починал на 20 октомври 2003 година, на 75-годишна возраст по кратка борба со ракот, но неговиот прирачник и понатаму се презема и користи во голем број други документи, истражувања, прирачници и вежби.

Па така, истите прашања во 2005 година се наоѓаат во Прирачникот за млади објавен од невладината „Застапници за млади“ (Advocates for Youth), кои се посветени на креирање програми и застапување политики кои им помагаат на младите да направат информирани и одговорни одлуки за нивното сексуално и репродуктивно здравје.

Лесно може да се согледа дека македонските работни листови се препишани токму од тука, но очигледно, надлежните во Министерството за образование и Бирото за развој на образованието заборавиле да вметнат една важна реченица во однос на вежбата, која што е нагласена во Прирачникот за млади од американската невладина организација „Застапници за млади“: Целта на оваа вежба е да им се даде можност на „стрејт“ луѓето да искусат одредени типови прашања кои често им се поставуваат на геј луѓето, лезбејките, и/или бисексуалците“.

Во македонските работни листови, изоставен е овој дел, а згрешено е и името на авторот на прирачникот – наместо Мајкл Рошлин, пишува дека автор е Ерик Јост од невладината „Застапници за млади“, што не е точно.

Принтскрин, македонски работни листови
Принтскрин, Advocacy for Youth

„Ако навистина го земете предвид прирачникот сериозно, сигурно се чувствувате по малку депресивно, дефанзивно и можеби засрамено. Епа, сега замислете дека ова е реално и дека не е вежба. Уште повеќе, замислете дека целото општество, вашата фамилија, пријатели, ви ги поставуваат овие прашања и навистина бараат одговори. Не само што во прашање се доведува вашата сексуалност, чувства, вашето тело, но сега мора и да браните и една цела група луѓе кои имаат една сличност со вас“, се вели во описот во една од многубројните вежби каде што се користи овој прашалник.

И тоа е целата негова поента, која е изоставена во македонските образовни работни листови за средношколците, а сега е предмет на низа дезинформации.

Извор: Мета.мк

Tags: дезинформацијасредношколскиот прирачник за хетеросексуалност
Next Post

Бектеши: Цените од септември нема да бидат референтни во намалувањето од минимум 10 отсто

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk