„Во првите пет години по членството во ЕУ ќе има повисоки плати од 70 до 100 отсто, додека порастот на БДП ќе биде од 80 до 90 отсто. Тоа ќе значи и повеќе работни места и за 30 до 40 отсто зголемен број на мали и средни претпријатија“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Скопскиот економски и финансиски форум.
Тој додаде дека во 2008 година, Северна Македонија и Хрватска беа на иста позиција во однос на членството во ЕУ, а сега ситуацијата е сосема поинаква.
„Пред два дена премиерот на Хрватска, Пленовиќ истакна дека Хрватска за 10 години членство е 12 милијарди евра во плус. Хрватска влезе во ЕУ во 2013 година, со стапка на невработеност од 18 отсто. Во 2022 стапката на невработенсот е 6 отсто. Тука има реномирани професори и академици кои може да пресметаат колку има изгубено Северна Македонија за овие 17 години чекање и во однос на БДП и во однос на невработеноста и висината на платите“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека неносењето на одлуките кои се очекуваат од нас ќе нзачи изолација, стагнација и тапкање во место, како што 11 години неносење одлуки донесоа кавги со соседите, кавги внатре и стагнација.
„Членството во ЕУ донесе бенефити и за Полска, која влезе во ЕУ во мај 2004 година со стапка на невработеност од 20 отсто. Во 2022 година невработеноста таму е 2,6 отсто. Во однос на странски директни инвестиции, тие се зголемени за 28 отсто во првите пет години од членството на земјите кои се придржуиле во ЕУ. Романија има 7 милиони евра инвестиции на годишно ниво, Малта од 400 милиони кога не била членка, пет години по членството, нивото е искачено на 21 милијарди евра кумулативно“ рече премиерот Ковачевски.