ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Дендиас: Западниот Балкан е интегрален дел од Европа

Говорејќи на сесијата „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи“, Дендиас нагласи дека Солун е избран за домаќин на Конференцијата затоа што тука во 2003 година е утврдена Солунската агенда, која ги регулираше односоите меѓу ЕУ и Западен Балкан.

February 24, 2020 11:00
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Ние европските соседни земји на Западен Балкан потврдуваме дека регионот е интегрален дел од Европа, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас на отворањето на конференцијата насловена „Од Солун до Загреб“, на која учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Говорејќи на сесијата „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи“, Дендиас нагласи дека Солун е избран за домаќин на Конференцијата затоа што тука во 2003 година е утврдена Солунската агенда, која ги регулираше односоите меѓу ЕУ и Западен Балкан.

-Тука сме и затоа што Солун е крстосница на Истокот и Западот и го поврзаува Западниот Балкан со три континети, додаде Дендиас.

Според него, овој собир се одржува во време кога ЕУ се соочува со глобални предизвици и кога изгуби една своја земја членка, па затоа во овој критичен момент мора да ја задржи европската идеја.

Тој потенцира дека политката на проширување важна за надминување на поделбите на континтот, додавајќи дека европската перспектива за земјите од Западен Балкан е во политички и еконмски интетес на ЕУ и ќе придонесе за зајкнување на единството на Унијата.

Според Дендиас, нема дилеми дека регионот и припаѓа на ЕУ, но западнобалканските земји мора да се посветат на владеењето на правото, почитување на човековите права и зајакнување на демократските институции. Дендиас потенцира дека ЕУ мора да ги испсолни своите ветувања за интеграција на земјите од регионот, со што ќе се постигне трансформација на Западниот Балкан, негово интегрирање во пазарот на Унијата, создавање поповолна економска клима, намалување на невработеноста, привлекување нови инвестиции и запирање на одливот на мозоци.

-Иднината на Западниот Балкан е во ЕУ, истакна Дендиас.

По сесијата „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи“, која се одржува зад затворени врати и на која е предвидено обраќање на сите учесници, собирот ќе продолжи со работен ручек на тема „Западен Балкан во Европа: Патот напред“.

Next Post

Првата електрична Dacia ќе дебитира во март

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk