ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

На „акција“ ќе може да се продаваат и поевтинетите производи, но ако причина е рокот на траење, тоа ќе мора да се наведе

September 18, 2023 14:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите производи кои согласно утрешната владина одлука ќе поевтинат за 10 проценти, ќе може да се ставаат и на „акциски“ продажби во маркетите, но по цени пониски од веќе намалените. Доколку, пак, „акцијата“ е поради рокот на траење на производите, тоа ќе мора да биде јасно наведено – дека намалувањето на цената е поради истекот на рокот на производот.

Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, утре ќе има мала корекција на одлуката за акциските продажби, а целта е да се спречи секаква измама или манипулација на потрошувачите од страна на трговците.

-Акции за дополнително намалување на цените од ова што утре ќе го утврдиме, ќе бидат дозволени. Тие што можат тоа да го направат, може да се промовираат себе си, нас не ни е проблем. Нам ни е важно да има намалување на цените и потрошувачите да не бидат доведени во заблуда. Акции може да има за сите производи кои ги има одреден супермаркет, но нема да може да се стави „акција“ како ознака во моментот кога таа акција е поради истек на рокот. Тоа ќе мора да се наведе – дека намалувањето на цената на производот е поради истек на рок за потрошувачот сам да одлучи дали би го купил тој производ и дали има време во рок од два, три, пет или десет дена да ги потроши производите што би ги купил. Утре ќе има мала корекција на таа одлука. Мене ми беше важно граѓаните да не бидат измамувани и да не се ставаат во заблуда. Откако ќе бидат објавени некои акции, кога ќе одат дома, рокот на тој произод не е повеќе од два дена и дополнителните трошоци се на потрошувачите кои повеќе од 50-на отсто од тие производи треба да ги фрлат. Такви акции нема да бидат дозволени, потенцира Бектеши.

Тој информира и дека веќе е подготвено ново законоско решение за нефер трговски практики, а ќе има, напомена, и измени во Законот за Државен пазарен инспекторат со кои ќе се зголемат надлежностите на оваа институција.

-Наредниот вторник ќе има неколку предлози од Министрството за економија кои доаѓаат од експерти и се дискутирани со стопанските комори. Веќе е подготвено ново законоско решение за нефер трговски практики, иако тоа е предвидено со Законот за потрошувачи, ќе има одредени механизми и за казнување, но и за злоупотребите при формирањето цени во секторот трговија. Ќе биде со европско знаменце, а за пример се земени држави од ЕУ во кои има вакви законски решенија.  За ова ќе ја информираме јавноста кон крајот на оваа и почетокот на идната недела, откако ќе завршат сите консултации со коморите и Организацијата на потрошувачите, истакна Бектеши.

Tags: акцииБектешиПродажба
Next Post

„Мора да направиме да функционира“: Опозицијата во Велика Британија сака нов договор за Брегзит, поблизок кон ЕУ

Shortcut

Најново

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk