Романскиот производител ќе го претстави на женевскиот Саем за автомобили концептот на идниот нискобуџетен сериски модел на струја.
Dacia на претстојниот саем за автомобили во Женева ќе прослави 15 години присуство на западноевропскиот пазар, а првата ѕвезда на штандот ќе биде дизајнерската студија на идниот електричен модел.
Како бренд со ценовно прифатливи автомобили, Dacia работи веќе две децении како дел од групацијата Renault, а сериска верзија на електричен автомобил планира за наредната или 2022 година.
Извршните директори на Dacia и Renault не дадоа повеќе детали пред Саемот во Женева, но извештаите на автомобилските медиуми велат дека тоа најверојатно ќе биде верзија на градскиот електричен автомобил K-ZE, кој во Кина го произведува и продава кинески Renault и неговите кинески партнери во заедничката компанија.
Овој автомобил во Кина се продава по цена од приближно 8.000 евра.