ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири ги повика студентите да ги подигнат наменските картички за користење на субвенциониран студентски оброк

September 20, 2023 15:34
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Министерство за образование и наука

Министерство за образование и наука

Без подигнување на наменска студентска Visa картичка, студентите нема да можат да
ги користат средствата по основ на субвенциониран студентски оброк. Затоа, сите
апликанти кои го оствариле ова право и за тоа добиле потврда од Министерството за
образование и наука, треба електронски да ги ажурираат своите податоци на
платформата на Шпаркасе банка и потоа да појдат во филијалата која ќе им биде
посочена, да потпишат договор и да си ја подигнат картичката. Процесот е едноставен.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој заедно со
раководството на Шпаркасе банка посетија една од филијалите на банката со цел да
видат како се одвива потпишувањето договори и подигнувањето на наменските
картички за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и да ги
повикаат оние кои сè уште не ја завршиле оваа обврска, да го сторат тоа поскоро.

„Задоволен сум од текот на активностите и гледам дека целиот процес се одвива
едноставно, но според информациите со кои располагаме и натаму одреден број
студенти сè уште не ги подигнале своите наменски картички. Затоа во оваа прилика
уште еднаш ги повикувам да го сторат тоа за да можат да ги користат средствата кои за
нив по овој основ ги обезбедува државата, а од оваа академска година се зголемени и
изнесуваат 140 денари на дневна основа“, рече Шаќири.

Од Шпаркасе банка АД Скопје потсетија дека ажурирањето на податоците, студентите
го прават на нивната онлајн платформа  https://netbanking.mk/studentPortal . Потоа,
добиваат информација преку СМС за точното време и место за потпишување на
договорот за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскa студентскa
Visa картичкa за субвенциониран оброк.

Аплицирањето за субвенциониран студентски оброк за кандидатите кои ќе се стекнат
со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот
семестар, ќе трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант кој има
потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот
контакт: so.us@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата
на Министерството.

Tags: картичкиМинистерство за образование и наукастудентски оброк
Next Post

КЗБ препорачува задолжително носење маски во здравствените установи

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk