Општеството за сите граѓани и визијата дека Република Северна Македонија мора да се гради како општество со еднакви можности на сите е визија која што не само да ја иницираше, туку ја заживеа и на дело ја постави како принцип на владеење и на градење на македонското општество – Зоран Заев, и тоа е факт од кој не може никој да избегне во овој момент, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, зборувајќи за улогата на поранешниот премиер во политичкиот спектар на државата. во ексклузивното интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа што ќе биде објавено во петок (22.9.2023г.).
– Неминовно е дека визијата на тогашниот претседател на СДСМ и премиер на Република Северна Македонија во којашто се отвори општеството за сите граѓани и визијата дека Република Северна Македонија мора да се гради како општество со еднакви можности на сите, е визија која што не само да ја иницираше, туку ја заживеа и на дело ја постави како принцип на владеење и на градење на македонското општество – Зоран Заев, и тоа е факт од кој не може никој да избегне во овој момент. Инаку, за напредокот и на СДСМ и на државата се сите потребни, најмногу оние кои најмногу дале за државата, Зоран Заев е еден од тие, изјави министерот Спасовски.
Разговорот го водеше: Дестан Јонузи
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Ангел Ангеловски