ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи домаќин на работниот појадок на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕ во Њујорк

September 21, 2023 17:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), бил домаќин на работен појадок на министрите за надворешни работи на земјите членки на иницијативата, одржан во рамки на Генералното собрание на Oбединетите нации во Њујорк. Настанот бил организиран во соработка со Советот за регионална соработка (СРС).

Како што информира Министерството за надворешни работи, дебатата била фокусирана на европскиот интеграциски процес на земјите од Југоисточна Европа, „гледано преку призма на континуираната руска агресија врз Украина, која има длабоко влијание врз безбедноста и стабилноста на европскиот континент“.

-Осврнувајќи се на мотото на претседавањето на Северна Македонија со иницијативата – „Премостување поделби, градење доверба“, Османи направи осврт врз приоритетите на нашето претседавање. Меѓу другите, зајакнувањето на демократијата, помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евроатлантските интеграции. Со оглед дека ПСЈИЕ е најсеопфатна регионална иницијатива во Југоисточна Европа, Османи ја потенцира неопходноста од заеднички ангажман, за сите прашања од витален интерес за регионот, соопшти МНР.

Пред присутните колеги и гости, Османи го претставил концептот „Повеќе интеграција пред членство“ за кандидатите и потенцијалните кандидати за влез во ЕУ, кој предвидува конкретни придобивки додека трае преговарачкиот процес пред формалното членство.

-Очекуваме Европската Унија наскоро да излезе со нов план за раст кој треба да ни помогне како кандидати да го заживееме процесот, да го поттикнеме економскиот раст и да ги забрзаме реформите кои, исто така, се скапи за имплементација. Целта е нашите економии да имаат поголем економски раст, за што е потребна поддршка на земјите членки на ПСЈИЕ, кои се и членки на ЕУ, како и прогресивна интеграција во eдинствениот пазар, проследено со зголемено учество во институциите на ЕУ, нагласил Османи.

Северна Македонија е претседавач со ПСЈИЕ во периодот 1 јули 2023 – 30 јуни 2024, што е трето претседавање по оние од 2000-2001 и 2012-2013 година.

-ПСЈИЕ е трета важна иницијатива со која Северна Македонија претседава оваа година, додава МНР во соопштението.

Tags: Бујар ОсманиЊујоркПСЈИЕ
Next Post

(ВДЕО) Дерала: Во услови на брутална, геноцидна војна на европско тло, наша обврска е да се бориме против војната

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk