Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на Фејсбук објави заедничка фотографија со Гордана Јанкуловска – затвореничка осудена за криминал, а поранешна Министерка за внатрешни работи во владата на Груевски.
„Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!“, напиша Мицкоски во објавата.
Јанкулоска е осудена на двегодишна затворска казна во предметот „Тенк“. Нејзиниот адвокат Влатко Илиевски, за Слободен Печат изјавил дека Јанкулоска го користи вториот дел од годишниот одмор и дека средбата со Мицкоски се одржала во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Почнаа прегрупирањата во политичкиот врв на ВМРО-ДПМНЕ, после оштрите преписки помеѓу бившиот претседател и бегалец од правдата Никола Груевски и неговиот протеже, Мицкоски, кој, да се потсетиме, беше „насаден“ на партискиот вмровски тронот токму од Груевски.
Земете пуканки.
Ј. Ѓ.