ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Шарлатани!

September 23, 2023 12:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Општество кое се храни со политички изјави, а политичките изјави се претвораат во пароли и секојдневна храна, тоа општество има сериозни проблеми со своето здравје.

А впрочем, веќе извесно време, дел од нашето општество, единствен извор на ментална и духовна храна, ги има политичките изјави, по што се фасцинира, како да се ремек-дела на уметноста.

Луѓе, нема плод од празни декларации, тоа се обични блефови, по што доаѓа реалноста. А нашата политичка реалност е многу јасна. Затоа што нашата земја има опозиција на шарлатани!

Северна Македонија е на раскрсницата меѓу Западот и Русија и ова треба да го шокира секој човек во оваа земја – се друго е празна реторика.

Единствениот ефект од ваквите изјавите е воздигнувањето на некои тутки кои едвај чекаат вакви моменти да ја покажат својата храброст дека ја „штитат“ Северна Македонија од нејзините граѓани, од ЕУ за која сонуваат…

Опозициски лидер не може да си ако зад себе немаш вистински дела и видлива работа. Кај нашиот Христијан се може да се најде, освен добри дела. Бескрајни изјави, кои деноноќно покажуваат колку се лоши другите и колку е тој добар.

Каква мизерија!

Опсесивните дебати за промена на уставот ја покажува калта во која се наоѓа нашето општество, а во друга димензија ја отсликува нашата сериозна криза, за политички компромисот за главните прашања како што е проевропскиот и проамериканскиот курс на земјата. Лажните патриоти обично бараат такви ситуации да излезат на површина и да ги испразнат батериите на омраза.

Ако целата оваа опсесија се претвори во политички компромис за нашата земја, за нашите европски вредности, сигурно многу наши аномалии ќе беа побрзо излечени и нашата глупост ќе беше намалена.

Рамката за преговорите ја постави Европската комисија и таа рамка беше создадена врз основа на францускиот предлог, што го прифати и Собранието на Северна Македонија. Тоа е едноставно рамка која е за иднината, за просперитетот на граѓаните, за европските вредности и за остварување на нашата крајна цел, а тоа е остварување на националниот интерес за членство во Европската Унија.

Сите овие активности што ги презема опозицијата, лидерот на опозицијата, се класична манипулација на јавноста во остварување на лични и политички цели. Не е доволно декларативно да сте за членство во Европската Унија и во исто време, политичките чекорите што ги преземате не само што помагаат, туку во голема мера се товар на целиот процес за Европската Унија.

Христијан Мицкоски и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ треба да размислуваат за интересот на државата, а не да чекаат бегалецот за криминал и корупција од Будимпешта, Никола Груевски, да им го диктира текот на политичките движења. На граѓаните на Северна Македонија не им треба членство во ЕУ каде бескрупулозниот криминалец како Никола Груевски може да го диктира курсот.

Мора еднаш засекогаш да се разделат прогресивните сили во државата, од оние ретроградни сили, оние сили кои не и помагаат на државата да напредува.

Политичките партии не можат да имаат ексклузивно право да бидат дел од тој прогресивен фронт. Во тој „БРОД“ треба да се и сите прогресивни граѓани, невладини организации, интелектуалци… Сите оние кои мислат дека на кој било начин можат да придонесат за напредок државата, вклучително и прогресивните сили на ВМРО-ДПМНЕ, но не и Никола Груевски! Човек што ни ја уништи државата за 11 години, не може да ни го каже патот на светлината. Од лопов, домаќин не бидува! – брилијантна поговорка од покојниот дедо ми!

Како што се однесуваат во моментов во Скопје и Будимпешта, ние имаме само едно сигурно: над нашето небо секој ден сè повеќе го зголемуваме знамето на глупоста.


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судење за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова, Васил Јованов призна вина, родителите бараат за него најстрога казна

May 9, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk