ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рама ја повика евро-атлантската заедница под итно да ги седна на масата за дијалог Косово и Србија за нормализација на состојбата

September 24, 2023 18:03
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиер Еди Рама, во реакцијата по последните случувања во северниот дел на Косово оценува дека „трагедијата со загубата на животот на косовскиот полицаец е најголемото алармно ѕвоно досега за тековниот ризик долготрајната криза да прерасне во вооружен конфликт“.

Додава дека „криминалците кои му го одзедоа животот на невин човек, кој служеше под државната униформа на силите на редот на Република Косово, мора да бидат изведени пред лицето на правдата“.

-Евро-атлантската заедница мора да ја собере целата своја импозантна сила и неповратно да ги смести Косово и Србија на масата на дијалогот за нормализација. Свикувањето на вонредна мировна конференција, под надзор и гаранција на Европската унија и САД, и истовремено преземање на сите вонредни мерки со КФОР, за да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата, се стратешка неопходност не само за редот и безбедноста на Косово денес, туку и за мирот и иднината на регионот утре, пред продолжената криза на северот на Косово да излезе од контрола и да се претвори во дестабилизирачки оган за целиот регион, напиша Рама на социјалните мрежи.

Реагираше и шефот на албанската држава, Бајрам Бегај, оценувајќи го како „криминален чин, кој тешко ги нарушува редот и безбедноста на Косово“.

-Изразувам искрено сочувство до семејството на убиениот полицаец и посакувам брзо закрепнување на повредените полицајци. Во овие моменти, смиреност, разумност и блиска соработка со КФОР и сојузниците се потребни повеќе од кога било. Албанија секогаш му дава поддршка на Косово, напиша тој на Фејсбук.

Ја повика меѓународната заедница одлучно да реагира на нарачателите и реализаторите на овој „многу сериозен чин за стабилноста на Косово и мирот во регионот на Западен Балкан“.

Извор: МИА

Tags: Западен БалканКосовоРама
Next Post

ЦИВИЛ: Мирот во Косово е предуслов за мир во регионот, сите чинители да придонесат одговорно кон надминување на тензиите и насилствата

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk