„Кајмак“ го отвори Тиранскиот филмски фестивалот во присуство на политичката и културна елита на Тирана. На отварањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски, како и амбасадори на шест други држави во Тирана.
Како што јавуваат од Банана филм, Манчевски вчера одржа и мастерклас на тема „Наративни стратегии“, и одговараше на бројни студентски прашања на настанот преполн со професионалци и студенти кој го модерираше претставникот во Еуримаж Мајлинда Тафа. Минатата недела „Кајмак“ беше дел од ретроспективата на Манчевски на i-fest во Калабрија, Италија, каде режисерот доби и Специјална награда, а минатиот месец филмот освои Награда за најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија, како и Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) во Херцег Нови.
Од претходните награди за „Кајмак“ се издвојува онаа на фестивалот Фантаспорто во Португалија.