Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА
Премиерата беше проследена со громоглесен аплауз а впечатоците одзвонуваа во публиката предизвикувајќи осцилиација на коментари за успешно филмско дело, но и оние од „шокирани“ и подготвени за „морализирање“ на темата во која задира Столевски.
Сите овие „бетонирани“ општествени нормативи, во текот на филмот доаѓаат до точка на кршење од која испливува најважната и суштествена смисла на човечкиот род-автентичната љубов и поддршката од семејството, кое може да се стекне и по пат на инстиктивно препознавање а не задолжително по биолошки пат.
И како по некоја синхронизирана игра на случајноста, овој филм кој ја оправдува сентенцата дека седмата уметност е најсилниот културолошки медиум кој има моќ да ги менува нештата и да го хуманизира светот, имаше македонска премиера на истата сцена каде што на фестивалското отворање на ИФФК „Браќа Манаки“ одекна повикот за праведен третман на филмаџиите од страна на државата.
Кога камерата успева сугестивно да ве вовлече како емоционална центрифуга и до ве врти до самиот крај низ сите гранични свесни и потсвесни импулси а истовремено да ве плени од нагласеното естетско и драматуршко авторство што извира од секоја сцена, може да се каже дека сте гледале чудесен филм.
Ова е накусо дефиницијата што се кристализира по изгледувањето на третиот долгометражен игран филм на режисерот Горан Столевски, „Домаќинство за почетници“ кој по освојувањето на „ Квир лав (Queer Lion) во Венеција ја, имаше македонска премиера на отворањето на 44. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Премиерата беше проследена со громоглесен аплауз а впечатоците одзвонуваа во публиката предизвикувајќи осцилиација на коментари за успешно филмско дело, но и оние „шокирани“ и подготвени за „морализирање“ на темата во која задира Столевски. Овие коментари уште повеќе одат во прилог на ова остварување кое бескомпромисно и соголено изложува приказна за „маргиналците“, ЛГБТ и ромската заедница, но и остра критика кон социјалниот миг и општествените паравани за семејниот морал.
Сите овие „бетонирани“ општествени нормативи, во текот на филмот доаѓаат до точка на кршење од која испливува најважната и суштествена смисла на човечкиот род-автентичната љубов и поддршката од семејството, кое може да се стекне и по пат на инстиктивно препознавање а не задолжително по биолоши пат.
Фантастичното, речиси ликовно портретирање на карактерите со камерата на Наум Доксески и актерскиот перформанс диригиран од Столевски со неверојатна леснотија, дури и документаристички го обземаат гледачот. Играта на контрасна светлина и ловење на најсуптилната емоција на актерите, со интелигентни режисерски решенија се чини е главната состојка на формулата од која толку живо се распостила овој филм. Ако се разложи фрагментарно, „Домаќинство за почетници“ е издржан и функционален и во основата на филмските слоеви и во естетското ниво кое го достигнува: сценарио, режија, камера, кастинг, монтажа, музика, продукциски дизајн сите подеднакво успешни.
Речиси и да не може со сигурност да се тврди од каде е кинематографската референтност на која се потпира авторот, но се насетува и приод налик на оној на Романецот Кристи Пуи во „Сиераневада“, на иранската филмска школа, на европската модерна филмска неодогма, а сепак толку автентично избрусен со силен авторски печат.
Столевски не поштедил никого. Ниту килавиот општествен систем кога станува збор за лавиринтите на здравството (Онкологија), ниту бирократијата и корупцијата но евидентно најважно од се, во сета оваа кородирана и искривена реалност, без никаква потреба да се наметне, ни ги објаснува проблемите со кои се соочуваат истополовите заедници како и етничките Роми. Наместа духовито (за да ја избегне болката), и доволно дозирано да не ја премине гранцита на т.н вулгарност, експресивно ја пренесува природната љубов.
Сите овие аргументи „Домаќинство за почетници“ го поместуваат во исклучително важен филм за домашната кинематографија но и воопшто за светската. Кога режисерот Анг Ли во 2005 година можеби за прв пат на нов начин ја детабуизираше истополовата љубов во филмот „Планината Броукбек“ за што таа година го понесе и Оскарот за најдобар филм, на нашиот кандидат за конкуренција во трката за престижната статуетка на Американска академија, му се насмевнува истата судбина.
И како по некоја синхронизирана игра на случајноста, овој филм кој ја оправдува сентенцата дека седмата уметност е најсилниот културолошки медиум кој има моќ да ги менува нештата и да го хуманизира светот, имаше македонска премиера на истата сцена каде што на фестивалското отворање одекна желбата за праведен третман на филмаџиите од страна на државата.
Да, како што во своето емотивно излагање кажа добитничката наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, Лабина Митевска: Филмот, културата веќе не се привилeгија, тие се потреба, би додала Венеција, Кан, Лос Анџелес или која било друга точка на планетата земја полесно ќе ја освои еден филм отколку десетици дипломатски државнички посети а револуционерното менување на свесноста и хуманизација на планетата е примарна и природна мисија на уметноста наспроти празните и често деструктивни флоскули во политиката.
„Домаќинство за почетници“е реализиран во продукција на „Лист филм“ од македонска страна во копродукција со Полска, Шведска, Хрватска, Србија, Косово, и американско и австралиска учество.
Сценарио и режија: Горан Столевски
Кинематографер: Наум Доксевски
Кастингот: Милка Анчевска
Главни улоги: Анамариа Маринца и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, неговата ќерка малата Џада, Миа Мустафа, Владимир Тинтор од Хрватска.
Споредните улоги: Ајше Усеини, Сара Климоска, Ирена Ристиќ, Филип Трајковиќ, Розафа Челај од Косово
Сценографијата на Ана Жежничек, костимите на Роза Трајческа Ристовска, маската на Горан Игњатовски и Леонора Мехмети Хоџа.
Авторска музика на Ален и Ненад Синкауз
Извор: Нова ТВ