ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вучевиќ: Ако наредеше претседателот Вучиќ,ќе влезевме на територијата на Косово, но ќе го известевме КФОР

October 2, 2023 14:50
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Министерот за одбрана Милош Вучевиќ на прес-конференција изјави дека доколку српските вооружени сили добијат наредба од претседателот на Србија, како врховен командант, „да влезат на територијата на Република Косово, како дел од Република Србија, Војската на Србија ќе ја извршат таквата задача ефикасно, професионално и успешно“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Во сите овие години, војниците на КФОР никогаш не преминале на територијата на Србија, ниту пак српската армија го направила тоа без дозвола на КФОР. Војската на Србија никогаш не прекршила никаков договор и тоа не е техничка туку суштинска информација.

„Има систематска кампања против српската армија, против нејзиното распоредување на територијата на Србија. Доколку српските вооружени сили добијат таква наредба од претседателот на Србија како врховен командант да влезат на територијата на Косово, српските вооружени сили ќе извршат таква задача“, посочи Вучевиќ и додаде дека таквата можна задача би да се спровела професионално и секако однапред би се најавила на КФОР затоа што – „ние ништо не работиме зад грб“.

Тој додаде дека немало обука на никакви терористички сили или каков било упад на територијата на Косово.

-Според таа логика, морам да ги прашам сите, пред се Курти и неговите соизвршители, што ќе правиме со тоа што албанската полиција на Косово или таканаречената косовска полиција го користи истото српско оружје, праша Вучевиќ.

Тој покажа фотографии на кои се гледаат, како што тврди, косовски полицајци и специјалци со пушки М70, автомати М72 и друго оружје произведено во Србија, нагласувајќи дека Србија не им ги продавала тие пушки.

-Дали од таа аналогија произлегува дека Србија ја обучувала и вооружувала албанската косовска полиција да пука во Срби? Логично е Србите да имаат српско оружје, но од каде им на албанските полицајци наше оружје, праша Вучевиќ.

Тој рече дека истото оружје и воена опрема може да се најде насекаде на територијата на поранешна Југославија и дека затоа е „целосна глупост“ да се тврди дека државата Србија, Министерството за одбрана и српската војска учествувале „во она што некои нарекуваат терористички акти“.

Tags: ВучевиќВучиќКосовоКФОРнаредба
Next Post

Маричиќ: Обезбедивме 97 милиони евра за македонското земјоделство со мерките од ИПАРД програмата

НАЈНОВО

Поевтинуваат бензините и дизелот

August 18, 2025
Фото: МО

Во Штип би можел да се изгради хибриден клинички центар на НАТО, најави Сиљановска Давкова

August 18, 2025

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција за локалните избори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk