ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Лаги и млеко“ од кујните на ВМРО-ДПМНЕ

October 2, 2023 16:29
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатата недела главни пропагандни теми со кои настапуваше во јавност опозициската ВМРО-ДПМНЕ, беа наводното намигнување и испраќање бакнежи на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кон пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

Друга тема со која ВМРО-ДПМНЕ ги доведе граѓаните во заблуда е дека наводно на рафтовите во продавниците е пласирано канцерогено млеко од Србија со афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации.

Исто така куририте објавија вест со манипулативен наслов „Зечевиќ поднел оставка“, колку да се дефокусира јавноста од тоа дека СДСМ демонстрира заедништво.

Нема канцерогено млеко во маркетите

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ неколку дена неосновано шири паника и ги доведува граѓаните во заблуда дека на рафтовите во продавниците е пласирано млеко од Србија со афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации.

Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски ги уверува граѓаните да бидат спокојни бидејќи „канцерогено” млеко со афлатоксин по потекло од Србија нема на маркетите, пришто додаде дека доколку некој купи во маркетите млеко од посочените спорни пратки, со фискална сметка, да го однесе во АХВ.

Бабовски ги отфрли и обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека и од домашна млекара во промет е пуштено млеко со афлатоксин.

Дефокус – Зечевиќ поднел оставка

Куририте објавија вест со манипулативен наслов „Зечевиќ поднел оставка“, колку да се дефокусира јавноста од тоа дека СДСМ демонстрира заедништво објавувајќи фотографија од средбата на Димитар Ковачевски и Зоран Заев, на која се и Оливер Спасовски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, организацискиот секретар Митко Трајчулески, шефот на премиерскиот кабинет Мартин Попов и Игор Ивановски од Советот за креирање политики.

Всушност, Миле Зечевиќ кој е генерален секретар на владејачката СДСМ поднел оставка од функцијата независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД Битола. Меѓутоа, со оглед на тоа дека граѓаните претежни читаат само наслови, на социјалните мрежи имаше „мала вмровска прослава“ дека „почнале оставките во владејачката партија“!

Намигнување, бакнежи и партиски театар

Граѓани се почесто гледаат аматерски театар, отколку вистинска конструктивна дебата во Собранието. Тие заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации. Една од последните „претстави“ во Собранието е кога за време на седницата за пратенички прашања (на 28.09.2023), пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, го обвини вицепремиерот (која го нарече и евро-вицепремиер) за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека наводно ѝ испраќал бакнежи и ѝ намигнувал зад грб.

„Бакнежи и намигнувања само по дома да си праќаш, лигав еден. На што личи ваквото несоодветно однесување на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ?!“, урлаше од собраниската говорница, пратеничката Стојановска.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ веднаш најостро ги демантираше како што рече, недостојните и ниски лаги на пратеничката Стојаноска.

„Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа. Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси“, рече Маричиќ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја окупира пратеничката говорница и побара оставка од Маричиќ.

Дали имало бакнежи и намигнувања јавноста немаше прилика да види, останува на граѓаните да одлучат дали ќе и веруваат на пратеничката Стојановска или ќе му веруваат на Маричиќ дека не и намигнувал ниту и праќал некакви бакнежи.

ЦМТ / Цивил Медиа

Next Post

Николовски: Цената на струјата не се покачува, од декември се враќа дневната евтина тарифа

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk