ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Цената на струјата не се покачува, од декември се враќа дневната евтина тарифа

October 2, 2023 18:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Зад нас е грејна сезона во услови на криза, во која влеговме со неизвесност, но покажавме дека државата и инстиуциите имаат капацитет, сезоната помина без покачување на цената на струјата и без рестрикции, иако имаше и такви очекувања и коментари, истакна директорот на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски во емисија на МТВ.

Николовски нагласи дека граѓаните можат да бидат спокојни во однос на снадбувањето со електричната енергија и за цената на струјата.

Државата, се грижи за граѓаните и создава услови цената на електричната енергија да не се покачува, порача Николовски, додавајќи дека од 1 декември се враќа и дневната евтина тарифа.

Тој додаде дека сите политики, мерки и чекори, што се преземаат, овозможуваат услови за сериозни иневстиции во зелената енергија, кои се од огормно значење за нашата држава и за граѓаните.

Имаме изобилие на сончеви денови, но и вода и ветер, со што имаме услови да бидеме центар за зелени инвестиции, рече Николовски, додавајќи дека покрај најновата фотоволтаична централа во Новаци, има уште неколку огромни инвестиции, како агроволтаичниот парк „Стипион“, со капацитет од 400 мегавати, за кој наведе дека е новитет, каде што панелите се поставуваат повисоко, а на земјата од 270 хектари, под нив може да се одгледуваат земјоделски култури.

Николовски од големите инвестиции во енергетиката ги издвои изградбата на хидроцентралата Чебрен, во вредност од над една милијарда евра, со капацитет од 333 мегават часови и ветерниот парк Вирови со капацитет од 400 мегавати.

Инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори, се доказ дека државата ја реализира енергетската транзиција, да ја оствари својата цел, а тоа е да биде предводник во зелената енергија во регионот и во Европа, нагласи Николовски во разговор за македонската телевизија.

Tags: 1 декемвривраќањеДарио Николовскидневна ефтина тарифаелектрична енергијацена
Next Post

На жени од Гренланд присилно им била вметната контрацепција, бараат отштета од Данска

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk