Во С. Македонија се уште нема заболен од корона вирус, а вчера со летот од Милано се појави пациент сомнителен на симптоми од вирусот, за кој беше потврдено дека не е носител на корона вирусот.
Еден од каналите за зараза се очите, потенцираат познавачите.
Што е корона вирус?
Корона вирус (corona virus; COVID-19) е вид вирус кој во теорија делува само на животни, но постојат одредени видови кои може да се пренесат на човекот како вирусот кој во последниот месец однесе повеќе од 1.000 животи. Се нагаѓа кое животно е преносител на вирусот, па најпрво се мислеше дека лкилјаците се преносители, но последната теорија е дека се работи за локално кинеско животно кое најмногу се тргува илегално и примарно заради неговиот оклоп. Епицентарот на кортона вирусот кој неодамна стигна и во Европа е во градот Вухан во Кина.
Корона вирусот во Македонија
Во Македонија се уште не е забележан случај на заболен од корона вирус, но со превентивните мерки, неколку работници на градежната компанија „Синохидро“ беа во изолација и тие се покажа дека се здрави, а втора група работници од истата кинеска компанија кои дојдоа од Кина исто така беа изолирани.
Во текот на вчерашниот ден пак, од Милано со авион пристигна пациент кој поминал на термалната камера на аеродромот, но откако се сместил почувствувал симптоми на грип по што се јавил во болница, каде му се направени потребните тестови кои покажаа дека не е заболен од вирусот.
Има ли место за паника?
Во моментот во светот има околу 79.000 случаи со корона вирус,. Иако бројот заболени е во пораст, така е и со бројот на оние кои го преболеа – околу 28.000. Процентот на смртност од корона вирусот во моментот е на 9 отсто, што е околу 2.600. Во овој момент броиме 52.000 отворени случаи, односно луѓе кои во моментот се заразени од вирусот.
Процентот на починати во почетокот беше значително поголем, што значи дека лекарите добиваат подобра слика како да ги излечат заболените.
Најголемиот број заболени и понатаму се во Кина која секојдневно се бори со најмноги нови случаи, а во Европа, Италија во краток рок стана водечка земја по бројот заболени – нешто повеќе од 200 луѓе. Освен во италија, од европските земји вирусот е забележан во Белгија, Русија, Финска, Франција, Германија, Шпанија и во Обединетото Кралство.
Додека многу медиуми пренесуваат дека процентот на смртност од корона вирусот е околу 10 отсто, важни е да се одреди профилот на починатите – од вирусот најмногу умираат луѓе кои биле болни во текот на заразата.
Заразени со повеќе од 80 години статистички имаат најмалку шанси за опоравување од младите заболени, бидејќи стапката на смртност за тие години изнесува 14,8 отсто, За сите заразени под 40 години, стапката на смртност е под 0,5 отсто, а за помлади од 10 години, се уште нема забележани смртни случаи. За луѓето кои биле здрави во моментот на заразата, стапката на смртност исто така е помалку од 1 отсто. Најзагрозени се заболените со кардиоваскуларни болести, луѓето со заболувања на белите дробови, рак или дијабетес.
Причини, симптоми и лекување
Иако се уште не е дефиниран точниот извор на корона вирусот, знаеме како се пренесува – со кивање, кашлање и општо по орален пат. Симптомите на корона вирусот се исти како и кај грипот, единствено што доаѓшаат со задоцнување – до 14 дена од самата зараза. Токму затоа што симтомите се исти како иу кај обичен гриуп, во светот, и во Македонија, постои причлина за паника. Резултатите од тестирањето не се добиваат моментално, што никако не им оди во прилог на заболените.
Лек за корона вирусот се уште нема, а светски научници се обидуваат да го развијат. Од корона вирусот починаа повеќе од 1.100 луше, а заразани се нешто повеќе од 45.000. Во моментот најдобар лек е изолација на заболените, за вирусот да не се шири.
Како корона вирусот е поврзан со очите?
Како што спомнавме, корона вирусот се пренесува орално, со кивање и кашлање, па и со разговор во четири очи со заразен. Иако тоа е е доволна причина за зголемено ниво на внимателност, научниците се уште не се сигурни дали корона вирусот може да се пренесе преку предмети како кваки, столици и слично, а потоа со допирање на лицето, устата, носот и очите.
Првиот доктор кој се зарази со корона вирус Ванг Гуангфа, предупредува дека не се нагласува доволно внимание на очите. Д-р Гуангфа верува дека тој лично го добил вирусот преку очите, затоа што еден од симптомите му бил воспаление на очите, а верува дека би ја избегнал заразата ако носел заштитни очила. Неговата теорија ја потврдија повеќе стручњаци од подрачјето на заразните болести.
Дали корона вирусот е сличен на грип?
Далеку наголем проблем со корона вирусот е што не постои конкретен лек. Позитивно е тоа што секако голем број луѓе го прележаа вирусот, што ни дава до знаење дека болеста не е толку смртоносна.
Некои сметаат дека стравот од корона вирусот во потполност е претеран и не се плашат од можно ширењер на нашите подрачја. Тие исти поединци често го споредуваат корона вирусот со грип и наведуваат дека од грип се умира значително повеќе, исто како што значително повеќе луѓе заболуваат од грип. Но, а ко ги споредиме наведените вируси, реалноста е потполно пинаква.
Вирусот на грип и корона вирусот се слични во принцип само по неколку работи: многу поголема е смртноста кај луѓе кои веќе боледуваат од друга болест во моментот на заразата и се пренесуваат со кашлање, и кивање Доста голема е разликата во ширење на заразата – додека грипот едно лице го пренесува во просек на 1,3 лица, корона вирусот се пренесува на 2,2.
Ако ги споредиме грипот и корона вирусот во Кина, стапката на смртност од грип е околу 1 отсто, а од корона вирусот двојно поголема 2,3 отсто. Како заклучок, корона вирусот делува многу поопасно од обичниот грип, но ако ги земеме во обзир староста и општото здравје на починатите при заразата, корона вирусот е далеку од пандемија опасна по сечиј живот.
Совети за сигурност
КОрона вирусот не треба да се сфаќа наивно и одредени мерки на претпазливост се неопходни, иако официјално нема заразени во Македонија и во околината. Дополнителните мерки на сигурност вклучуваат:
Мијте ги рацете со сапун и вода барем 20 секунди. Овој чекор е најбитен пред јадење, готвење и по кивање и кашлање.
Кога кивате и кашлате задолжително користет марамче, кое веднаш ќе го фрлите.
Избегнувајате да ги допирате очите, устата и носот со неизмиени раце.
Избегнувајте контакт со заразени, без разлика дали се работи за преладување или нешто поопасно.
Почесто чистете ги предметите и работие со кои често доаѓате во контакт – како играчки и кваки.
Ско сте болни, а не барате медицинска помош, останете дома.
Задолжитено мијте ги рацете по каков и да е контакт со животни.