ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска од Варшавскиот безбедносен форум: Инвестираме во одбраната за побезбедна Северна Македонија, посилно НАТО

October 3, 2023 12:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово учествуваше на дискусијата на високо ниво на тема „Европа во војна: Зацврстување на колективната одбрана на НАТО“, на која заедно со претседавачот со Воениот комитет на Алијансата адмиралот Роб Бауер, словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец и министерот за вооружените сили на Обединетото Кралство Џејмс Хипи,  со модерација од поранешниот командант на Армијата на САД за Европа, генерал-потполковник во пензија Бен Хоџис, разговараа за состојбата на Косово, европските интеграции на земјите од регионот, регионалната соработка, како и поддршката за Украина и руското влијание во овој дел од Европа.

За Северна Македонија, потенцираше министерката Петровска, прв приоритет е вложувањето во одбраната и градењето на капацитетите на Лесната пешадиска баталјонска група како наша НАТО цел на способност.

„Секоја инвестиција што ја правиме во одбраната не е инвестиција што ја правиме само затоа што сме земја членка на НАТО, но пред се го правиме за да го зајакнеме нашиот национален одбранбен систем и секако да придонесеме за колективниот систем на одбрана на НАТО. Следната година ќе одвоиме 2% од бруто домашниот производ за одбрана, но уште поважно е дека повеќе од 30% од тие средства ќе бидат инвестирани во модернизација и опремување“, рече министерката.

Таа подвлече дека  Северна Македонија како членка на НАТО не е само корисник на придобивките од членството туку и активно придонесува кон системот на колективна одбрана.

Во однос на хибридните закани и штетните дезинформации кои доаѓаат од разни актери, министерката посочи дека целта на руските дезинформациски кампањи е да се поткопа авторитетот на Министерството и неа лично како министерка и дека најдобриот начин за справување со ова влијание е транспарентноста, отвореноста и постојаната размена на информации. Петровска посочи неколку примери, како дезинформацијата дека се намалува борбената готовност на Армијата со донациите на воена опрема на Украина, при што истакна дека отпорноста ја градиме со повеќе чекори.

„Прв чекор е да сте свесни каде цели руското влијание во Северна Македонија и ние сме свесни за тоа. Второ треба да имаме јасна политичка посветеност дека сакаме да се справуваме со ова руско штетно влијание и ние тоа во Северна Македонија го имаме и трето е да преземеме одредени мерки и активности и го правиме тоа“, подвлече министерката. Додаде дека изминатиот период повеќе од 20 лица беа прогласени за „персона нон грата“ зашто беше утврдено дека тие не работат согласно дипломатски правила и дека се обидуваа да имаат негативно влијание на домашните работи и работата на институциите.

Министерката Петровска рече дека земјите од Западен Балкан  имаат слабости кои се препознаваат, но за разлика од западните демократии кои се обидуваат да помогнат во надминување на слабостите, Русија ги злоупотребува за продлабочување на разликите и создавање кризи.

За помошта и поддршката на Украина, министерката истакна дека досега Северна Македонија има донесено повеќе од десет одлуки за донација и дека државата е подготвена да ја продолжи оваа помош согласно барањата од Украина и домашните капацитети, сè додека е потребно.

„Ние сме свесни дека Украина се бори во војна која е важна за сите нас. Тие се борат за нивното право да живеат во суверена и независна земја како што е нивната, така што тие ја заслужуваат нашата поддршка на секој можен начин“, заклучи министерката.

Министерот за одбрана на Словенија, Марјан Шарец зборувајќи за интегративните процеси во регионот, порача дека членството во НАТО за Северна Македонија и Црна Гора е одличен чекор, но дека треба да оди заедно со членството во Европската Унија.

„Присуството на Европската унија во регионот е најдобриот лек за тензиите на Балканот и затоа земјите од Западниот Балкан треба да станат полноправни членки на унијата колку е можно побрзо“, рече министерот Шарец.

Tags: Варшавскиот безбедносен форумПетровска
Next Post

Ковачевски: Изјавата на Османи за барањата на Бугарија е многу јасна и не се разликува од неговите изјави во минатото

НАЈНОВО

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски со кордон од факели под Триумфална: Ти се поклонувам мое Скопје, влегуваме во ново време

November 3, 2025

ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 3 ноември

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk