ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски и Оздемир посетија фарма и винарија, беа пречекани од мали производители, млади земјоделци и жени фармери

October 3, 2023 18:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со делегацијата од Сојузна Република Германија, предводена од федералниот министер Џем Оздемир и амбасадорката Петра Дрекслер, ги посетија фармата „Аја Фарм“ и малата винарија „Брзанов“.

„Аја Фарм“ е семеен бизнис кој ги снабдува потрошувачите со млеко и млечни производи од 2014 година, нуди асортиман на млечни производи кои се доставуваат до крајните корисници преку системот за испорака „Од фарма до дома“. Во моментов „Аја фарм“ произведува 400 литри млеко дневно, од кои половината е од сопствено производство, а другата половина е од соработниците-добавувачи. На просторот пред „Аја Фарм“ беа поставени штандови со домашни македонски производи од мали производители, членови на здруженијата Национална федерација на фармери и Слоу Фуд Македонија. Двете делегации имаа можност да поразговараат со производителите кои беа претставувани од успешни рурални жени и млади земјоделци, кои креираат сопствени брендови и истите беа понудени за дегустација.  При посетата на штандовите и фармата, министерот Оздемир имаше можност да се запознае и да поразговара со малите производители и при тоа упати порака дека земјоделскиот сектор е многу силен двигател на економијата, потенцирајќи дека Германија силно не поддржува во развојот.

За време на посетата на „Винаријата Брзанов“, пред гостите беше демонстриран процесот на производство на вино. Министерот Николовски ги информираше гостите дека македонското вино е едно од најквалитетните и дека благодарејќи на мерките и политиките на министерството, имаме зголемен девизен прилив од извоз на вино, што ја позиционораше Северна Македонија на тринаесетто место во светот за оваа година. Делегацијата имаше можност за дегустација на вината од „Винарската визба Брзанов“.

Дневната агенда, како што информира МЗШВ, завршува во Германската амбасада, каде ќе биде одбележан Денот на обединувањето на Германија.

-Тоа претставува мотив повеќе за нашето Министерство, токму на овој ден да бидеме домаќини на историска посета на германскиот сојузен министер, Џем Оздемир. Соработката помеѓу нашите министерства продолжува понатаму, уште посилно и поконструктивно, со доаѓањето на аташето за земјоделство, во јануари 2024 година, со седиште во Скопје и со цел поттукнување на земјоделскиот развој во Северна Македонија и во сите останати земји од Западен Балкан, наведува МЗШВ.

Tags: МЗШВНиколовски
Next Post
Володимир Зеленски Foto: Wikimedia Commons

Зеленски ги посети војниците во близина на Купјанск и Лиман

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk