Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека во копнената безбедносна зона, долж границата кон Косово, моментално се распоредени помалку од 4.500 војници, а 8.350 од нив се распоредени два дена по конфликтот во Бањска.
„Имаме деангажирање, а не повлекување на некои единици. Тие се враќаат во нивните гарнизони, во касарните, на нивните редовни активности. Војската на Србија, Министерството за одбрана со Военото разузнавање и Воено-безбедносната агенција следат се што се случува на подрачјето на Косово и Метохија“, изјави Вучевиќ за телевизија „Прва“.
Тој нагласи дека, според меѓународните договори, Србија нема никакви ограничувања за бројот на единици лоцирани во копнената безбедносна зона.
Во врска со наводите дека Србија се подготвува да направи нешто со „акумулирање единици“ и дека обучува група која учествувала во конфликтот во Бањска, министерот рече дека тоа е „збирка на глупости со цел политичка дискредитација на Србија“.
Тој изјави и дека меѓународната заедница „молчи“ кога се вели дека 11 отсто од Србите се иселени од Косово по доаѓањето на Албин Курти на чело на владата во Приштина.