ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Со новиот Предлог-закон за културата се предвидува повеќегодишно финансирање проекти

October 4, 2023 13:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ќе стипендираме студии за кадри кои се дефицитарни со обврска за студентите што се во програмата да останат, се надевам дека ќе ги задржиме студентите дома“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во денешното гостување на утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5. Таа додаде дека во Музејот на Северна Македонија има само двајца конзерватори во моментов, чие матично поле на образование е сосема друго, но се дообразовале за конзервација на метал и текстил и останале.

„Сега имаме дефицит на кадар бидејќи тие професии не станале доволно атрактивни за студентите“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката посочи дека со новиот Закон за културата се предвидува повеќегодишно финансирање проекти и институции.

„Во новиот Закон за културата една од новините е повеќегодишно финансирање не само на проекти туку и распределување на буџет за институции“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

„И локалните самоуправи треба да преземат дел од обврските. Жал ми е кога од локалните установи ќе слушнам дека локалните самоуправи одделувале мал буџет за култура и за поддршка на развојот на културата“, порача Костадиновска-Стојчевска.

Министерката рече дека измените за повеќегодишно финансирање се прават бидејќи има проекти што не може да бидат завршени во една година зашто една година трае само подготовката на проектот за конзервација и презервација.

„Во новиот Предлог-закон за културата, за кој имаше дебата и сега е во фаза на преработка по оние предлози што беа пристигнати по електронски пат, е дефинирано дека националниот интерес треба да се оддели од јавниот интерес во однос на финансирањето, но и дека треба стручните комисии да се избираат на јавен повик, да нема обвинувања до министерот, заменик-министерот, вработените во културата, дека тие наметнуваат своја волја, туку тие стручни комисии да се избираат на јавен повик“,  истакна таа.

Таа додаде дека манифестации како „Охридско лето“, „Струшки вечери на поезијата“, „Илинденски денови“ и други, кои имаат своја особена тежина, а воедно и ја промовираат државава надвор од нејзините граници, треба да добијат поинаков третман од оние проекти што се од јавен интерес и со поинаков карактер.

„Тоа, се разбира, не значи дека не треба да се финансираат и едните и другите. Но треба да биде поинакво согледувањето на стручните комисии што ги формираме“,  рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката рече дека манифестациите кои се од национален интерес треба да добиваат постојано поголема финансиска поддршка од Министерството за култура, додека начелото на финансирање на проектите од јавен интерес треба малку да се преструктурира.

На денешното утринското гостување во „Здраво Македонијо“ на телевизијата Канал 5, освен министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, гостуваа и педијатарот Аспазија Софијанова и  политичкиот аналитичар Сашо Клековски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: законКостадиновска Стојчевскакултурафинансирање проекти
Next Post

Штрајкот во обвинителството продолжува - работната група ќе има рок од 10 дена за постигнување на договор

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Двајца убиени и петмина повредени во престрелка во Ница

October 4, 2025

Кузеска: Мицкоски потпишал договор со фирмата што ја нарекуваше „епски криминал“

October 4, 2025

Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk