Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е избрана за претседател на Форумот на градоначалници на Обединетите Нации во Женева, Швајцарија, соопштија денеска од Град Скопје.
За потпретседатели на Арсовска се избрани градоначалниците Рикардо Рио од Брага, Португалија и Сузан Aиткин, од Глазгов, Велика Британија.
-Годинава за првпат како официјално тело во рамки на Обединетите нации, исклучителна чест претставува фактот што Арсовска беше избрана како претседател и ја доби добербата преку директно гласање на Форумот во кој учествува по еден градоначалник од секоја држава од Пан-европскиот регион, Северна Америка, Африка, Азија, Латинска Америка и Блискиот Исток, стои во соопштението.
Арсовска заедно со нејзиниот тим ќе учествуваат директно во формирањето на програмата на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиштето на Обединетите Нации, и преку усвојување на декларации ќе учествуваат во креирање на меѓународните политики за локалните власти.