Од денеска натаму зборот „сфера“ доби нова димензија. Кога некој ќе рече „Сфера“ (Sphere), прво на што ќе се помисли е огромното здание во Лас Вегас, новото осмо чудо на светот наменето за за забава од следната генерација што ќе ја редефинира иднината на индустријата за забава.
После три години откако беше најавена и изградена, денес „Сфера“ го промени хоризонтот на Лас Вегас. Преку ден зданието личи како огромен вселенски брод, црн и мистериозно да се спуштил во пустината на Невада. Додека не падне ноќта кога засветува и го зема обликот на планетата Земја гледана од вселената од вселената.
Од денеска натаму зборот „сфера“ доби нова димензија. Кога некој ќе рече „Сфера“ (Sphere), прво на што ќе се помисли е огромното здание во Лас Вегас, новото осмо чудо на светот наменето за за забава од следната генерација што ќе ја редефинира иднината на индустријата за забава.
После три години откако беше најавена и изградена, денес „Сфера“ го промени хоризонтот на Лас Вегас. Преку ден зданието личи како огромен вселенски брод, црн и мистериозно да се спуштил во пустината на Невада. Додека не падне ноќта кога засветува и го зема обликот на планетата Земја гледана од вселената од вселената.
Со височина од 112 метри и широка 158 се смета за најголемата сферична структура во светот. Во тоа што претставува нејзина сцена, бидејќи сега веќе не зборуваме во рамките на познатите стандарди за сценски простор, надворешната е опремена со 1,2 милиони LED диоди со големина на хокеарски пак, кои може да се програмираат да трепкаат динамични слики во масивни размери – повторно најголеми досега во светот.
„Нема ништо слично. Тоа е светлосни години понапред од се што досега сме знаеле“, вели Д Еџ (The Edge) од U2, бендот на кој му припадна честа да одржи концерт во Сфера на 29 септември, со што и официјално беше прогласено за отворено ова светско чудо.
„Апсолутно е зачудувачки да се погледне нагоре и да се види што има пред вас“, вели Рич Клафи, главен оперативен директор на Sphere. „Во забавниот бизнис сум скоро 40 години. Никогаш не сум видел вакво нешто и не претерувам. Тоа е надвор од сите топ листи“.
Надворешноста на „Сфера“ ќе биде осветлена секој ден и ноќ со анимации и други слики, понекогаш поврзани со сезоната. На пример, може да се трансформира во џиновска тиква за Ноќта на вештерките и снежен глобус на Божиќ.
Во „Сфера“ ќе се одржуваат музички и филмски настани, како и некои спортски.
„Сфера“ е дизајниран од Populous, глобална архитектонска компанија која досега изградила многу од врвните спортски арени во светот. Трошоците за изградба, зголемени заради пандемијата, се искачија на 2,3 милијарди долари.
„Сфера“ има капацитет да собере речиси 18.000 луѓе. Некој ќе рече дека тоа не е многу во споредба со големите спортски арени кои собираат и над 100 илјадна публика, но Сфера не е само место за настани.
„Повеќето музички места се спортски места. Тие се создадени за спорт – не се изградени за музика. Тие не се создадени за уметност“, рече Боно од U2 откако го одржаа концертот во една нестварна атносфера.
„Екранот оди од земја (ниво) до 250 стапки височина, сè наоколу…“, велат од тимот за операции на „Сфера“. „Тоа ве држи целосно потопени кога седите во тој „сад“. Досега го сакавте IMAX во Њујорк, но ова ќе го разнесе тоа“.
Во „Сфера“ ексклузивно и премиерно ќе биде прикажан „Разгледница од Земјата“, филм на Дарен Аронофски, кој ветува целосно искористување на огромниот екран на „Сфера“, нудејќи им на гледачите возбудлива турнеја низ планетата.
Од „Сфера“ ветуваат и аудио од следното ниво. Повеќе од 160.000 звучници распоредени околу „топката“ ќе го испорачаат истиот беспрекорен звук на секое седиште, без разлика дали некој е во горниот ред или долу на подот.
Местото, исто така, е опремено со хаптични седишта кои можат да вибрираат за да одговараат на се што се случува на екранот – земјотрес, на пример – и 4D машини кои можат да создадат ефекти на ветер, температура, па дури и мирис.
Во ноември уличната патека на Формула 1 Гран При Лас Вегас ќе поминува низ „Сфера“.
„Сфера“ е место каде што најистакнатите уметници, креатори и технолози имаат можности да создаваат извонредни искуства што ќе го подигнат „раскажувањето“ на едно ново ниво и ќе ја транспортираат публиката во нови димензии досега неоткриени за сетилата.
Ако сето ова звучи малку претерано, не заборавајте дека „Сфера“ е во Лас Вегас и од сега натаму искуството со музиката во живо и другите аудио-визуелни настаниу никогаш нема да бидат тоа што беа досега.