„Сметаме дека членството во ЕУ ни помогна да го заштитиме и сочуваме нашиот национален
идентитет. Многумина во тоа време велеа дека Ирска ќе биде проголтана од големата
Европска Унија, но Унијата не функционира така. Таа ги почитува националните идентитети и
диверзитетот“ рече премиерот на ирска Лео Вардакар во видео порака.
Тој додаде дека со нетрпение очекува Северна Македонија да се приклучи на семејството на
ЕУ што е можно побрзо.
„Ние се приклучивме на ЕУ пред 15 години, бевме неразвиена држава, дури и релативно
сиромашна држава, според европски стандарди. Приклучувањето на ЕУ ни помогна да ја
трансформираме нашата економија, да ја надградиме, за да можат младите да останат дома и
да ги градат своите животи таму, како и да откријат и други можности“ рече Вардакар.
Ирскиот премиер рече дека Ирска целосно го поддржува барањето на Северна Македонија да
стане членка на Европската Унија.