ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Фридом хаус: Чет-ботови, монтирани видеа и дезинформации доминираат на интернет

October 6, 2023 14:12
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фридом Хаус објави обемен извештај за слободата во интернет просторот – во него меѓу другото се нотира дека владини претставници од најмалку 47 држави распоредиле свои „ботови“ за да манипулираат со онлајн дискусиите во нивна корист, што е двојно повеќе од пред една деценија, пишува Мета.

Во рекордни 55 од 70 земји опфатени луѓето се соочиле со правни последици поради изразено мислење на интернет, а во 41 земја луѓе биле физички нападнати или убиени поради нивни коментари на интернет. Најлошите искуства доаѓаат од Мјанмар и од Иран, чии авторитарни режими извршиле смртни казни против луѓе осудени за злосторства поврзани со изразување преку интернет.

Ова е само дел од најновиот, обемен извештај „Слободата на интернетот“ (Freedom on the Net), спроведена од американската невладина организација „Фридом Хаус“. Станува збор за 13. извештај кој ја проценува слободата на интернетот во 70 земји, што претставува 88 отсто од интернет корисниците во светот.

Овој извештај го опфаќа периодот меѓу јуни 2022 и мај 2023 година. Резултатите за слободата на интернет на секоја земја се мери на скала од 100 поени, со 21 посебен индикатор кои се однесуваат на пречките за пристап до интернет, ограничувања на содржината и прекршување на корисничките права.

Македонија, исто како и соседните држави (освен Србија, која е категоризирана како „слободна земја“), не се опфатени во извештајот.

Вештачката интелигенција како поттикнувач на дезинформации

Во извештајот е нотирано дека напредокот во вештачката интелигенција (ВИ) ја засилило кризата за човековите права на интернет.

„Додека технологијата за вештачка интелигенција нуди возбудливи и корисни намени за науката, образованието и општеството во целина, нејзиното прифаќање исто така го зголеми обемот, брзината и ефикасноста на дигиталната репресија“, стои во заклучоците.

Дополнително, било утврдено дека владини претставници од најмалку 47 држави распоредиле свои „ботови“ за да манипулираат со онлајн дискусиите во нивна корист, што е двојно повеќе од пред една деценија.

„Во меѓувреме, алатките засновани на вештачка интелигенција кои можат да генерираат текст, аудио и фотографии брзо станаа пософистицирани, достапни и лесни за користење, поттикнувајќи загрижувачка ескалација на овие тактики за дезинформации. Во текот на минатата година, новата технологија беше искористена во најмалку 16 земји за да сее сомнеж, да се оцрнат противниците или да се влијае на јавната дебата“, се вели во извештајот.

Понатаму, се нотира дека рускиот приватен сектор игра постојана улога во ширењето дезинформации за воената инвазија на Кремљ врз Украина. Тука се споменува распространетата и софистицирана операција позната како „Doppelgänger“ (медиа клонови кои служат на руската пропаганда), која ги имитира германските, американските, италијанските, британските и француските медиуми (Гардијан, Билд, Анса…) за да шират лажни и конспиративни наративи за европските санкции и украинските бегалци. Doppelgänger, пишува Фридом Хаус, е поврзан со група на компании и непрофитни организации кои имаат блиски релации со руските власти.

Друг пример се изборите во Турција, кога голем број провладини медиуми и армии од ботови на Твитер го бомбардирале информативниот простор со содржини кои го фаворизирале претседателот Реџеп Таип Ердоган и АКП.

„Едно широко распространето видео се состоеше од соединети клипови за лажно прикажување на забранета курдска милитантна група, како го поддржува опозицискиот претседателски кандидат Кемал Киличдароглу. Ердоган го нарече видеото како вистинито и покрај тоа што беше преработено. Овој инцидент даде до знаење како фабрикувана содржина може да го искриви просторот за информации дури и кога се знае дека е неавтентична“, посочува Фридом хаус.

Компаниите како OpenAI и Google, стои во извештајот, обезбедиле заштитни мерки за да намалат некои очигледни штети кои ги предизвикуваат чет-ботовите, но тие биле недоволни.

„Истражувачите изнајдоа техники за пробивање на заштитните мерки на популарните чет-ботови, така што тие генерираат штетен, лажен, дискриминаторски или навредлив текст, вклучително и дезинформации за пандемијата со ковид-19 и изјави што ја отсликуваат руската пропаганда за инвазијата на Украина. Опасностите од кампањите за дезинформација со помош на вештачка интелигенција вртоглаво ќе се зголемат бидејќи злонамерните актери ќе развијат дополнителни начини за заобиколување на заштитните мерки и за искористување на моделите со отворен код, додека другите компании објавуваат конкурентни апликации со помала заштита“, посочуваат истражувачите од американсата невладина организација.

Според Фридом хаус, дигиталната репресија се интензивирала во Иран, држава која доживува огромен пад во однос на слободата на интернетот оваа година, со оглед на тоа што властите ги забранија интернет услугите и ги блокираа апликациите WhatsApp и Instagram (единствените достапни во земјата), во обид да ги задушат антивладините протести. Фридом хаус оценува дека Мјанмар бил блиску да ја отфрли Кина како најлошата средина во светот за слобода на интернетот, титула која оваа земја ја задржува деветта година по ред.

Од 70 земји опфатени со извештајот, владите во 41 држава блокирале веб-страници каде што имало политички, социјални и религиозни говори. Роскомнадзор, рускиот медиумски и телекомуникациски регулатор, барал од давателите на интернет услуги да инсталираат единствен систем за инспекција произведен од владата, кој ќе овозможува блокирање на веб-локации низ целата земја.

„Кремљ го користеше овој систем за блокирање на глобалните платформи за социјални медиуми, украински сајтови за вести и домашни сајтови кои објавуваат какви било навестувања за несогласувања во врска со инвазијата врз Украина. Забележано беше и зголемено руско блокирање на веб-локации кои имаат ЛГБТ+ содржина, како дел од поширокиот напад врз таа заедница во земјата“, се вели во извештајот.

Според извештајот, највисока слобода во интернет просторот има во Исланд. Следуваат САД, Велика Британија, Тајван, Јужна Африка, Србија, Јапонија, Италија, Естонија, Германија, Франција…

Најниска слобода во интернет просторот има во Кина, Мјанмар и Иран. Понатаму следуваат Виетнам, Венецуела, Узбекистан, Турција, Русија, Белорусија, Куба.

Останатите држави се оценети како „делумно слободни“.

„Слободата на изразување на интернет е сè повеќе на удар, бидејќи владите продолжуваат да ја ограничуваат поврзаноста и да ги блокираат платформите и веб-страниците на социјалните медиуми коишто имаат политички, социјален и религиозен говор. Заштитата на слободата на изразување ќе бара силни законски и регулаторни заштитни мерки за дигитални комуникации и пристап до информации“, се вели во извештајот.

Фридом хаус дава детални препораки до сите инволвирани актери во овој процес со цел да се зголеми слободата во интернет просторот.

 

Tags: дезинформацииФридом хаус
Next Post

Зошто британските конзервативци ги прифаќаат европските теории на заговор?

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk