ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трајковски и Бектеши: Граѓаните да бидат спокојни, основните прехранбени производи нема да поскапат

October 6, 2023 16:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните да бидат спокојни, цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат, соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Инспекторатот, нагласува Трајковски во писмена изјава до медиумите, ќе продолжи да постапува по донесените одлуки на Владата и ќе проверува дали во маркетите кај соодветните производи стои ознаката „гарантирана цена“.

Директорот потсетува дека оној што нема да ги почитува владините одлуки за намалените цени, ќе биде казнет.

-Имајќи ги предвид реакциите на граѓаните, на општата и стручна јавност во врска со информациите за зголемување на цените кои се пласирани во јавност деновиве, известуваме дека зголемување на цените на основните прехранбени производи нема да има, а Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по веќе донесените одлуки на Владата за намалување на цените. Ќе проверуваме дали стои ознаката „гарантирана цена“ и дали се почитуваат останатите одредби од одлуките кои се однесуваат на трговците на мало и на трговците на големо. Граѓаните да бидат спокојни. Цените на основните прехрамбени производи нема да се зголемат, може само дополнително да се намалат. Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по одлуките за намалување на цените кои се веќе донесени. Оној што нема да ги почитува одлуките, ќе биде казнет без селекција. Граѓаните се на прво место, а ние сме тука за да го штитиме нивниот стандард, наведува Трајковски.

Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5 проценти, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

„Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5 проценти“, напиша на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Во врска со Одлуката на Министерството за финансии за повластена даночна стапка на одредени прехранбени производи, министерот Бектеши објави дека доколку има грешка во листата таа ќе се корегира.

– Доколку во има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата, напиша министерот Бектеши и ги повика граѓаните да бидат спокојни.

Бектеши потенцира граѓаните да бидат спокојни. -Мерките кои ги носиме за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат, пишува тој.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДПИТрајковскицени
Next Post

Шпанските власти спасија 262 мигранти кај Канарските острови

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk