ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Континуитет на една борба!

October 7, 2023 19:46
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ГОРАН ВОЛКАНОСКИ

Пиејќи го утринското кафе, слушам емисија во која се зборува за 11-ти Октомври. За значењето на овој историски датум. За мотивацијата која била повод еден грст луѓе да поведат антифашистичка борба која ни ја донесе денешната слобода и државност. Притоа се спомнаа некои од темелите на кои се засноваше создавањето на идната држава. Меѓу другото, беа спомнати и соживот и почитување на правата на сите заедници кои беа и сѐ уште се дел од заедничката држава која требаше да се гради. И, се изгради, преку крвавата антифашистичка борба во која зедоа учество претставници од сите заедници. Сите нив ги спојуваше антифашизмот, слободарската мисла и непокорот!

Што имаме денес? Колку сме достојни да ги славиме ваквите историски моменти?

Знаете зошто го поставувам ова прашање? Не можам да се изначудам, како може нешто што е толку очигледно, да не биде подржано од сите сегменти на нашево општество? Нешто што е континуитет на 11-ти Октомври 1941-ва!

Тоа е таа нишка која нас, антифашистите, слободоумните, нѐ инспирира да во ова време, кога темни облаци се надвиснуваат над Македонија не останеме неми пред злото кое ни нуди уништување на перспективите за интегрирање во најмоќниот економски сојуз. Самиот процес на преговори со ЕУ е перспектива сама по себе. Пристап кон ЕУ фондови. Реализација на стандарди, преку отворање и затворање на поглавјата од преговарачкиот процес. Сѐ е тоа реализација на она кон што се стремиме. Создавање на функционална држава со стандарди на кои ќе сме горди!

Но! Што е она, што нѐ спречува да ги оствариме овие стремежи?

вмро-дпмне! Ова е таа (единствена во Европа) анахрона „внатрешна“, „македонска“, „револуционерна“, „организација“ во независна држава, која што го користи ова име само за една единствена цел, манипулација со националните чувства.

Политичка организација која ниту во 1941-ва беше на вистинската страна на историјата, ниту денес е на исправната страна на историските процеси. И тогаш и сега, го прави истото. Одработува за туѓи цели и интереси!

Прашање е само, дали мнозинството од граѓаните ќе наседнат на ова подметнување од страна на опозицијата, и ќе одработат во сопствена штета.

Континуитетот на револуцијата и НОБ од 1941-ва, може да ја имаат само прогресивните сили!

На сите оние, на кои, 11-ти Октомври им е значаен ден. На сите оние кои го слават овој ден. Им упатувам една искрена порака. Сочувајте го делото на револуционерната борба од 1941-ва, со поддршка на процесите кои се континуитет на таа борба. Така ќе покажеме дека заслужуваме да ги празнуваме овие историски датуми!


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Силно ги осудувам насилните напади на групата Хамас врз Израел

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk