„Прво, ви кажав дека своето работење не го водам во анкети и тоа неколку пати го имам кажано. Јас дојдов за претседател на Влада во еден исклучително тежок период за државата, во време кога бевме во економска, енергетска и после неполн месец на формирањето на Владата започна војната во Украина. Она на што бев заедно со министрите фокусиран, беше справување со енергетската криза што мислам дека успеавме да се справиме на квалитетен начин. Знаев дека после една таква Корона пандемија дека ќе дојде до инфлаторен притисок и затоа работевме со синдикатите на зголемување на минималната плата, на зголемување на пензиите и сето тоа придонесе да овозможиме нашите граѓани на најдобар можен начин во тие услови да се справат со тешка криза“, истакна премиерот Димитар Ковачевски за анкетата на Фокус после обраќањето на Инфо сесијата посветена на стопанствениците „Довербата расте“.
Тој нагласи дека Владата направивила „најголем пакет на антикризни мерки од 760 милиони евра за нашите граѓани“.
„Сега ќе следува нов пакет на антикризни мерки кој ќе се однесува за најранивлите категории Субвенционирањето на електричната енергија продолжува и мислам дека ќе дочекаме една поуспешна 2024 година за Северна Македонија и за граѓаните“, рече Ковачевски.
Според анкатата на Фокус, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски за неполни две години од почетокот на неговиот политички ангажман станува најпопуларен политичар во земјава. Според истражувањето, Ковачевски има највисок рејтинг помеѓу политичарите.