Пратеничката Санела Шкријељ по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, ја истакнува улогата на жените во Народноослободителната борба и нагласува дека жените подеднакво ја создаваа македонската држава.
„За 11 Октомври, Денот на народното востание против фашизмот, да се потсетиме и да не забораваме дека жените подеднакво ја создаваа македонската држава. Дека сме наследнички на жените кои го формираа најмасовното женско движење на нашите простори и пошироко, движење кое допринесе во борбата против фашизмот, општата рамноправност на жените, но и во достигнувањето на слободата и на еманципацијата на југословенското општество во целост, објави Шкријељ
Вера Ацева, Ибе Паликуќа, Оливера Јоциќ, Елпида Караманди, Веселинка Малинска… Во редовите на Народноослободителната војска се бореа околу 100 илјади жени. Со партизански споменици се здобија 3.344 жени, а 91 жена беа прогласени за Народни хероини.
„Да не дозволиме да бидат невидливи, да не дозволиме да падне во заборав дека нашите претходнички се избориле за нашето право на глас, на образование, работа. Се избориле да уште во 1974 година во Уставот на тогашната СФРЈ ни биде загарантирано правото да одлучуваме за сопственото тело.
И како што тие биле во првите борбени редови, така и ние да си ги збиеме редовите во одбрана од неофашистите кои се обидуваат да не убедат дека борбата за родова еднаквост биле “увезена идеологија”, наведува во објавата Шкријељ
Викендов, со другарките од Вардар до Триглав. АФЖ живее!, истакнува Шкријељ.