Со извиците „Никогаш Северна, само Македонија“ и „Сакаме правда“, со песната „Едно име имаме“ и со банерот наопаку на кој пишува, се разбира, „Заев е виновен“, со многу врева и малку луѓе, започна контра-протестот на ВМРО-ДПМНЕ.
Откако открија дека со банерот нешто не чини, го в-теа, го в-теа, со помош на новинарот од Инфомакс па го наместија и тргнаа од пред Јавното обвинителство.
Во мрачна и изразито националистичка атмосфера, со трите прста кренати, со знамиња со Сонцето од Вергина, протестот го повика и го води партијата рекордер со најмногу обвинети за тешки криминали.