ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Израелскиот парламент ја одобри новата вонредна Влада на национално единство на Израел

October 12, 2023 22:28
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Noam Revkin Fenton/Flash90

Фото: Noam Revkin Fenton/Flash90

Со 66 гласови „за“ и четири „против“, Кнесетот одобри дополнителни пет министри во Владата на Израел од партијата Национално единство.

Израелскиот Парламент го одобри и назначувањето на Уриел Бусо од партијата Шас за министер за здравство, со 65 гласови „за“ и ниту еден против.

Зборувајќи во име на „Национално единство“ чиј лидер е Бени Ганц, пред Кнесетот да гласа за додавање на пет членови од опозициската партија како министри во вонредната влада на национално единство, вториот човек на партијата Гидеон Саар рече дека „на тешките одлуки секогаш им е потребна широка поддршка, и тоа е она што го правиме денес“.

Очигледно обраќајќи му се на Јаир Лапид, лидер на партијата (Партија на иднината), која не е дел од вонредната влада, Саар рече: „Да, полесно е да се поддржи однадвор. Вие не го носите тешкиот товар“.

Пратеничката на Лабуристичката партија Наама Лазими, чија партија останува во опозиција, но вети дека ќе го поддржи додавањето на новите министри, плачеше на говорницата во Кнесетот, раскажувајќи за саботниот масакр на израелските граѓани од страна на терористичката група Хамас, пишува Тајмс оф Израел..

– Тие оставија пекол, немаат домови во кои да се вратат, рече таа за преживеаните од масакрите во јужните заедници на Израел.

Пратеникот Ајман Одех, кој ја предводи претежно арапската партија Хадаш-Таал рече дека „не постои ништо во светот што оправдува повреда на цивил, невина личност“.

– Треба да ги извадиме сите цивили, Евреи, Арапи, Палестинци, од циклусот на насилство, додаде Одех и критикувајчи ги контра-нападите на Израел врз Газа нагласи дека „Одмаздата не е начин“.

Пратеникот на Ликуд Тали Готлив го прекинуваше својот говор, извикувајќи „одмазда против Хамас!“ и брзо му се приклучија и други пратеници на Ликуд и Отзма Јехудит.

Tags: израелКнесет
Next Post

Што ценеше Апелација кај Горде, затворското поведение или „тефтерчето“?

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk