Дел од партиските ботови шират стари вести кои ги претставуваат како актуелни, со цел да предизвикаат етничка и верска нетрпеливот.
Корисникот МИТЕ НАЈДОФ на социјалната мрежа Х сподели два скриншота од кои во едната стои наслов: (ВИДЕО) Оџа во радовишко училиште пееше „Алаху Акбар“, другата вест е со наслов: (ФОТО) Во училиште во Струга се вее големо албанско знаме“, при што додаде коментар „Наместо химна и македонско знаме во училишта, да тераме со алтернатива, а?
Оваа негова манипулација е споделена од десетина корисници на Х мрежата, една од тие е и корисникот Германка при што го сподели неговиот статус додавајќи коментар: „Кај се тие кретени како самосвесен и уште еден куп ретарди кои јадеа г**** за химната што сум пишала а за ова ќутат ко утки“.
Овие две содржини всушност се од 2018 година
Едната содржина се работи за тоа дека на 28 ноември 2018 година по повод Денот на независноста на Албанија (Ден на албанското знаме), во холот на СОУ ,,Нико Нестор” – Струга беше поставено албанско знаме.
И другата содржина исто така е од 2018 година, кога на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаше дека во училиштето „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш по повод верскиот празник Рамазан, оџа вршеше верски обред пред почетокот на ифтарската вечера. За овој случај Државниот просветен инспекторат испратил инспекција.
Ваквите манипулативни објави на социлајните мрежи имаат за цел да предизвикаат верска и етничка нетрпеливост.
ЦМТ / Цивил Медиа