ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Макрон: Нападот во Арас е резултат на варварскиот исламистички тероризам

October 13, 2023 18:44
in ДЕНЕС, СВЕТ

Нападот во средното училиште во Арас, на северот на Франција, е резултат на „варварскиот исламистички тероризам“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Според него, полицијата помогнала да се спречи уште еден обид за напад во друг дел на Франција, пренесоа британските медиуми.

-Наставникот кој беше убиен дојде да ги заштити другите и несомнено спаси многу животи, рече Макрон.

Француското обвинителство за борба против тероризмот ќе отвори истрага за денешниот напад со нож во гимназијата во градот Арас, во кој загина едно лице, а неколку други беа повредени.

Во меѓувреме, медиумите објавија дека напаѓачот пред инцидентот извикал „Алаху Акбар“, но полицијата се уште не го потврдила тоа.

Според полицијата, напаѓачот е по потекло од Чеченија и е во полициската евиденција.

Осомничениот и неговиот брат се уапсени, пренесува БФМ, додавајќи дека напаѓачот е на околу 20 години и е поранешен средношколец.

Покрај Макрон, на местото на нападот излегоа и министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен, како и министерот за образование Габриел Атал, јавува телевизиската станица БФМ.

Сите училишта во Арас се затворени по денешниот напад.

Извор: МИА

Tags: АрасМакрон
Next Post
Фото: Собрание на РСМ

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија учествуваат на Регионална конференција „Улогата на парламентите во Берлинскиот процес“

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk