ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МЗШВ: Рокот за аплицирање по првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7 продолжен до 30 октомври

October 13, 2023 20:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека до 30 октомври 2023 година се продолжува рокот за аплицирање на првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7.

Како што информираат оттаму, продолжувањето на рокот доаѓа по барање на заинтересираните апликанти за аплицирање за мерка 1 и  мерка 7.

Спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма, распишувајќи го првиот јавен повик за мерките 1 и 7 од новата ИПАРД 3 програма започна на 1 септември 2023 година.

Како што информираат од МЗШВ, овој јавен повик се однесува на мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси, а вкупната вредност за инвестиции која на располагање се става со првиот јавен повик за двете мерки изнесува 30 милиони евра.

Како корисници кај мерката 1 се јавуваат земјоделски стопанства запишани во ЕРСЗ системот на МЗШВ, кои може да бидат физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), правно лице (микро, мали и средни претпријатија) и индивидуални земјоделци. Потоа корисници можата да бидат задруги или здружени правни лица.

Поддршката од мерката 1 ги опфаќа житните, индустриски и фуражни култури, градинарски култури, повеќегодишни култури, лозарство. Кај сточарското производство говедарството, свињарството, овчарството, козарството и живинарство.

Други сектори опфатени со мерка 1 се производството на риба, преработката и маркетинг на сопственото земјоделско производство и Инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби, односно инвестиции во поставување на био гас и био гориво, соларна, ветерна и гео-термална енергија.

Минималната вредност на прифатлива по инвестиција кај мерката 1 изнесува 20.000 евра. Максималната финансиска поддршка на еден корисник за еден проект изнесува 750.000 евра. Финансиската поддршка – кофинансирање кај оваа мерка е 60 отсто од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.

Кај мерката 7 како корисници се јавуваат физички лица, правни лица, задруги и здружени правни лица за колективни инвестиции.

Како приоритетни сектори кај мерката 7 се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам.

Минимална вредност на прифатливи трошоци на предложен проект изнесуваат од 10.000 евра. Максимална финансиска подршка по корисник по поединечен проект изнесува 600.000 евра. Максимална финансиска подршка по корисник за цел период (2021-2027) изнесува 1.500.000 евра. Стапка на финансиска поддршка кај мерката 7 изнесува до 60 проценти од вкупните прифатливи трошоци. Стапка нa финансиска поддршка се зголемува на 70 отсто за апликанти кои се млади фармери и колективни инвестиции. Финансиска поддршка се зголемува за дополнителни 10 проценти само за оние инвистиции во обновлива енергија, управување со отпад и циркуларна економија.

Tags: ИПАРД 3МЗШВ
Next Post
Фото: Рацин.мк

Памер: Не можете да ги одлагате уставните измени како оправдување дека треба да ги спроведете другите реформи

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk