ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потрошувачите да внимаваат при купување производи надвор од деловниот објект, нема ништо бесплатно

Во текот на минатата година имавме специфични случаи на договори склучени надвор од деловните простории што се решени во помош на Организацијата на потрошувачи на Македонија. Станува збор за случаи кога на потрошувачите им се нудат разни производи кога се поканети надвор од деловните простории, кога им нудат бесплатен ручек или им даваат мал подарок, а договорите што ги потпишале се во износ од 30.000 до 80.000 денари, но не ги содржат одредбите предвидени со закон, изјави за МИА претседателката на ОПМ Маријана Лончар

February 26, 2020 10:28
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Над 2700 лица во текот на минатата година се пожалиле во Организацијата на потрошувачите на Македонија. Најмногу поплаки имало во скопскиот регион, повеќе од половина од вкупниот број, а најголем дел се однесуваат на сервисирање мобилни телефони, инвертер-клими, фрижидери. Специфични случаи што се појавиле изминатата година биле за купување производи надвор од деловниот објект.

– Во текот на минатата година имавме специфични случаи на договори склучени надвор од деловните простории што се решени во помош на Организацијата на потрошувачи на Македонија. Станува збор за случаи кога на потрошувачите им се нудат разни производи кога се поканети надвор од деловните простории, кога им нудат бесплатен ручек или им даваат мал подарок, а договорите што ги потпишале се во износ од 30.000 до 80.000 денари, но не ги содржат одредбите предвидени со закон, изјави за МИА претседателката на ОПМ Маријана Лончар.

Tаа појасни дека во вакви случаи законски рок за откажување е 14 дена, но договорите што биле потпишани не го содржеле овој рок, туку во некои имало рок од три дена. Дополнително, како што додаде, не биле почитуван и законот затоа што на потрошувачите им биле земани однапред средства што после не им ги враќале и кога го раскинувале договорот воопшто не сакале да се јават на телефон.

Станува збор за продажба организирана надвор од деловен објект, на разни производи, меѓу кои масажери, магнентни душеци…

– Ако се сретнат со ваква понуда, граѓаните треба да знаат дека всушност не одат на бесплатен ручек, бидејќи ништо не е бесплатно, порачува Лончар.

Во последните месеци, во Организацијата, исто така, имало поплаки во однос на сервисирање мобилни телефони, што се однесувале на тоа дека на потрошувачите во случај кога оставале мобилен апарат на сервис не им бил враќан апаратот што го оставиле.

Лончар посочува дека не станува збор за масовна појава, меѓутоа имало повеќе такви ситуации и им порачува на потрошувачите кога оставаат апарат на сервис, треба детално да утврдат за каков телефонски апарат станува збор, да се направи примопредавање со сервисерот, бидејќи може да не им биде вратен нивниот телефонски апарат.

– Значи точно да знаат, не само да го остават телефонскиот апарат и да си одат, порачува Лончар.

Исто така, меѓу поплаките биле и случаи на сервисирање инвертер-клими, кои се купени и по 80.000 денари, а не работат, а сервисерите не доаѓаат на повикот.

Кај јавните услуги била присутна појава на префрлања надлежности меѓу институциите, потоа поплаки во меѓуградскиот превоз, за брзите кредити, особено кај оние што имаат наплатувачи на долгови, за лажни награди…

Во текот на минатата година во Организацијата на потрошувачи на Македонија правен совет за заштита на правата на потрошувачите побарале вкупно 2707 лица. Најголем дел, 58 отсто, се во Скопје, по осум отсто се во Битола, Охрид и Штип, 11 отсто во Кочани и останатите во другите градови каде што Организацијата нема советодавна канцеларија.

Потрошувачите најмногу сакаат да комуницираат со Организацијата телефонски, па така, најголем дел поплаки од граѓаните се пријавени телефонски 80 отсто, 13,7 отсто дошле лично во Организацијата, три отсто се преку електронска пошта и Фејсбук и 2,3 отсто преку пошта.

Лончар посочува дека бројките покажуваат дека најмногу граѓаните сакаат да комуницираат телефонски, иако имаат и платформа на која може да го достават своето барање. Поштата, посочува Лончар, како средство за комуникација е најтешка за да се одговори.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Прв случај на заразен со коронавирус во Мадрид

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk