„Со последната пренамена на Буџетот кажавме дека има пакет на антикризни мерки, отприлика 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.
„Ние веќе имавме пакети и мерки. Имавме енергетски додаток кој се даваше на пензионери со ниски пензии. Имаше пакети, но фискалниот простор не дозволуваше да имаме дополнителни мерки. Сега остануваат денови до обзнанувањето на новиот пакет на антикризни мерки во кои ќе се опфатат сите ранливи категории“, истакна Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека тој е горд што е дел од оваа Влада која покажува дека поинку ги сфаќа ранливите категории и создава мерки таргетирани за нив.
Битиќи, исто така, откри дека утре на седница на Влада ќе биде поднесен предлог-закон за измени на платите на избраните и именуваните функционири со кои ќе се ревидираат платите.