ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Валенсија спроведен тест со четиридневна работна недела

October 18, 2023 09:30
in ДЕНЕС, СВЕТ

Четиридневната работна недела го подобри здравјето на работниците намалувајќи го нивниот стрес, истовремено намалувајќи ја и емисијата на штетни гасови и имаше корист за децата, покажа пилот-програмата спроведена во Валенсија, а претставена синоќа.

Валенсија, трет по големина во Шпанија со речиси 800 илјади жители, распореди локални празници да бидат во четири понеделници по ред, од 10 април до 7 мај оваа година. Во проектот учествуваа 360 илјади работници.

Голем број учесници ги користеа подолгите викенди за да се вклучат во здрави навики како што се вежбање, одмор и готвење домашно зготвени оброци, според независниот Комитет за здравство и општествени науки што ја оценуваше програмата.

Податоците покажуваат подобрувања во здравјето, пониски нивоа на стрес и подобри чувства за замор, среќа, расположение и лично задоволство.

Намалувањето на употребата на моторни возила во текот на четирите понеделници доведе до подобрување на квалитетот на воздухот, а се испушташе помалку азот диоксид, покажуваат градските мерења.

Негативната страна на програмата е што пушачите и алкохоличарите ја зголемија потрошувачката на тутун и алкохол.

Висок процент од испитаниците изјавиле дека повеќе читаат, учеле, гледале филмови и се занимавале со хоби како фотографија, музика и сликарство.

Четиридневната работна недела најмногу им користеше на децата, бидејќи повеќе време поминуваа со родителите.

Секторот за услуги и туризам имаше повеќе гости во тој период, но трговците забележаа пад на продажбата, а итните медицински служби беа преоптоварени, бидејќи повеќе здравствени работници земаа одмор, се вели во извештајот.

Проектот беше дизајниран од градската лева коалиција Компромис, сојуз на прогресивни, зелени и регионални партии. Социјалистичката влада на Шпанија минатата година започна сличен двегодишен проект фокусиран на малите и средни бизниси низ целата земја.

Tags: Валенцијаработатестчетиридневна работна недела
Next Post

Гутереш повикува на итен прекин на огнот на Блискиот исток

НАЈНОВО

ЕУ интеграциите меѓу резолуции и блокади

September 1, 2025

Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

September 1, 2025

Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk