ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска – Форд: Северна Македонија е кредибилен сојузник кој инвестира во националната и колективната одбрана

October 18, 2023 16:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Северна Македонија е кредибилен сојузник кој инвестира во националната и колективната одбрана, беше истакнато на денешната средба на министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на директоратот за одбранбено планирање во Алијансата, Карл Форд, кој заедно со неговиот тим учествува на редовните билатерални консултации помеѓу Република Северна Македонија и НАТО- Алијансата.

Како што информираат од Министерството за одбрана, на состанокот министерката Петровска порача дека Северна Македонија е посветен и активен НАТО сојузник кој дава суштински придонес во рамките на колективната безбедност.

-Со придонесот во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Романија и Бугарија македонската Армија ја зацврстува колективната безбедност и безбедноста на секој граѓанин на Алијансата. Ние остануваме посветени и на регионалната безбедност кон која придонесуваме преку нашето учество во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, рече министерката.

Петровска додаде дека Северна Македонија ќе продолжи да инвестира во својата Армија, а доказ за тоа е фактот дека следната година 2 проценти од бруто-домашниот производ ќе бидат одвоени за одбрана, од кои една третина за модернизација и опремување.

Директорот за одбранбено планирање Форд го поздрави придонесот на Северна Македонија кон колективната безбедност, а особено во рамките на мултинационалните сили на НАТО во источното крило.

-За време на билатералните консултации, кои вчера и денеска од страна на Министерството за одбрана ги предводеше државниот секретар Владимир Анчев, се разговараше за напредокот во имплементацијата на доделените НАТО цели на способности во рамки на повеќе области како одбранбената политика, финансиите, копнените сили, логистиката, воздухопловните сили, специјалните сили, капацитетите за стабилизација и реконструкција како и цивилната подготвеност, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана. 

Tags: ПетровскасредбаФорд
Next Post

Костадиновска-Стојчевска на седница на Национална комисија на УНЕСКО: За да постигнеме успех, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk