ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НБ: Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите

October 20, 2023 11:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупните депозити во септември, на годишно ниво, се зголемени за 8,9%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства, соопшти Народната банка. Годишниот пораст на кредитите, пак, е 5,8% и произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот домаќинства.

Во септември 2023 година, паричната маса бележи месечен пад од 0,5%, што во најголем дел се должи на намалувањето на краткорочните депозити и депозитните пари, а во помала мера и на пониските готови пари во оптек и долгорочните депозити до две години. Во споредба со септември претходната година, паричната маса е зголемена за 5,9% и главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити, при помало позитивно влијание и на готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години.

Вкупните депозити во септември, се намалија за 0,2% на месечно ниво и во целост е одраз на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на домаќинствата. Годишниот раст од 8,9% произлегува од зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот „домаќинства“.

Во септември, вкупните кредити остварија месечно зголемување од 0,4%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, кредитите растат за 5,8% што произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во септември, се намалија за 1,4% на месечна основа, главно под влијание на падот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари, во услови на забележан раст на долгорочните депозити. Годишниот раст од 15,7% во поголем дел е одраз на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и долгорочните депозити во денари.

Кредитите на корпоративниот сектор во септември бележат месечен раст од 0,5%, во целост како резултат на зголемувањето на кредитите во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута. Во однос на септември минатата
година, кредитите на корпоративниот сектор се зголемија за 5,1%, што се должи на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес кон растот на кредитите во денари.

Во септември, месечната стапка на раст на депозитите на домаќинствата изнесува 0,9% во поголем дел поради зголемените депозитни пари и долгорочните депозити, додека помало позитивно влијание и на краткорочните депозити. Анализирано на годишно ниво, депозитите на домаќинствата забележаа раст од 6,8%, што главно се должи на зголемувањето на долгорочните депозити и депозитните пари, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари, во услови на остварен пад на краткорочните депозити во странска валута.

Кредитите на домаќинствата, во септември, остварија месечно зголемување од 0,3%, во поголем дел поради зголеменото кредитирање во странска валута, при позитивен придонес и на кредитите во денари. Годишниот раст од 6,4% се објаснува
со зголемувањето на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.

Во септември, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, забележаа месечен раст од 0,4% и 0,8%, соодветно, како и годишно зголемување
од 6,0% и 10,7%, соодветно. Автомобилските кредити, во септември, се намалени за 1,5% на месечна основа, при годишен раст од 15,5%, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечно и годишно намалување од 0,6% и 2,6%, соодветно. Во септември, негативните салда на тековните сметки бележат пад од 1,1% на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 7,9%. Кредитите одобрени врз други основи, во септември, се намалија на месечно и на годишно ниво за 1,8% и 17,4%, соодветно, се наведува во соопштението од НБ.

Tags: годишен растдепозитиНБ
Next Post

Израел усвои прописи за привремено затворање на канцелариите на странските медиуми

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk