ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Војната против Хамас може да трае со месеци, Бајден и Нетанјаху се договорија за непрекинат проток на помош за Газа

October 23, 2023 09:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласија да има непрекинат проток на хуманитарна помош во опколениот Појас Газа, соопшти Белата куќа.

Втор конвој камиони синоќа влезе од Египет во Појасот Газа.

„Бајден и Нетанјаху имаа телефонски разговор во кој потврдија дека ќе има континуиран проток на оваа критично важна помош за палестинското население во Газа“, се вели во соопштението на американското претседателство.

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, рече дека војната против Хамас може да трае „со месеци“ и дека тоа ќе биде последен судир со милитантната група од Газа, пренесуваат странските агенции.

Галант во неделата разговараше со единиците собрани за очекуваната копнена инвазија на палестинската територија, која се подготвува како одговор на ненадејните напади на Хамас врз Израел од 7 октомври.

„Тоа ќе трае еден месец, два месеци, три месеци, а на крајот нема да има повеќе Хамас“, рече Галант во воздухопловната база, чија локација не беше соопштена од Министерството за одбрана.

„Пред Хамас да стапи во контакт со нашите тенкови и нашата пешадија, тие ќе се сретнат со гранати на нашите воздушни сили“, истакна тој.

Галант додаде дека израелските воени авиони „знаат како да го направат тоа прецизно и смртоносно“ и нагласи дека „ова треба да биде последна војна во Газа, од едноставна причина што повеќе нема да има Хамас“.

Израел, кој постојано ја нагласува својата желба да го елиминира Хамас од Газа, вели дека неговите воздушни напади се насочени кон командантите и инфраструктурата на Хамас.

Министерството за здравство, кое го води Хамас, во неделата соопшти дека повеќе од 4.600 луѓе загинале во нападите, меѓу кои 1.873 деца. Нападите на Хамас преку границата се најголеми од создавањето на државата Израел, а во нив загинаа повеќе од 1.400 луѓе.

Tags: БајденГазаизраелНетанјахуХамас
Next Post

Почнува 14. ЕХО фестивал за планински филм

Најново

Трендафилов: Половина од работниците земаат плата под 600 евра, ќе протестираат или ќе одат на викенд за 1 Мај?

April 29, 2026

„Кафе со амбасадори“ во Битола: Дијалог за човековите права, културата и европскиот идентитет

April 29, 2026

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

April 29, 2026

Како ќе изгледа македонската „Пиета во прекривките на ургентноста“ која патува на 61. Венециско биенале

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk