„Иако долги години сум поврзана со проекти за неформално образование на деца, не можев да го терам тоа сама, па со мојата драга другарка и колешка Ивана Павлаковиќ решивме да создадеме нешто заедничко што ќе биде корисно, едукативно и забавно за децата. Така се создаде Арт Бригада, преку која создаваме нови генерации на деца кои ќе размислуваат независно, ќе бидат сигурни во себе и ќе негуваат уметнички и човечки вредности” рече актерката Сања Арсовска во интервју за “Трн.мк”
Таа додаде дека Бруталиск, како мал приватен културен центар е платформа за уметничко изразување и едукација на сите генерации.
„Генерално, ако постои нешто што сакам да го работам, земам и го работам. Создавам услови, се вложувам и не се откажувам. Освен во театар, таму има работи, односно, улоги што би сакала да го изиграм, но за тоа треба прилика, тоа е нешто што не зависи од мојата желба, туку од многу фактори” рече Арсовска.
Актерката изјави дека улогата која најмногу ка променила е улогата на мајка, која ја натероло да сфати дека треба да се посвети на себе за да биде што подолго во животот на нејзиниот син.