Шефот на иранскатра дипломатија,Хосеин Амир-Абдолахиан, изјави дека САД испратиле две пораки до Иран во врска со ескалацијата на ситуацијата во регионот.
-Првата порака вели дека САД не се заинтересирани за проширување на војната, а втората бара од Иран да се воздржи и инсистира од нас да побараме и од другите земји и другите страни да се воздржат, рече Абдолахиан за време на прес-конференцијата во Техеран.
„САД велат дека не се заинтересирани за проширување на војната, но во последните две недели покажаа дека се вклучени во проширување и ескалацијата на конфликтот во Газа со испраќање илјадници пратки оружје и целосна поддршка на ционистичкиот режим“, додаде тој.
Иранскиот министер за надворешни работи го прозва американскиот претседател Џо Бајден за, како што рече, „лицемерниот“ став на САД за човековите права во Газа. Тој праша дали „смртта на повеќе од 5.000 цивили, жени и деца, повеќе од 20.000 ранети и стотици илјади бездомници се резултат на човековите права за кои зборуваше Бајден“.