Казнети се 246 возачи во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената во текот на вчерашниот ден.
Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, како што денеска информираа од МВР, 126 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.