ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Вицепремиерот Битиќи се сретна со новиот Регионален директор на Француската агенција за развој, Арно Дофен

October 27, 2023 13:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, оствари средба со новиот Регионален директор на Француската агенција за развој, Арно Дофен.
На средбата, на која присуствуваа Максим Лебовиц, заменик на Регионалниот директор, претставничката надлежна за Северна Македонија и за Косово, Мелани Маленво, како и Амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, стана збор за соработката на Владата со Француската агенција за развој, но и можностите за соработка со Француската агенција за развој и Македонската развојна банка.

На средбата, меѓу другото се разговараше и за Програмата за Енергетска ефикасност на Јавни згради, финансирана и преку Зелениот климатски фонд, односно за поефикасното искористување на финансиските средства кои и стојат на располагање на Северна Македонија, за што во првата фаза се предвидени 5 милиони евра како грант средства и 22 милиони евра поволни кредити.

Вицепремиерот Битиќи и Дофен, разговараа и за можноста за проширување на програмата со вклучување на единиците на локалната самоуправа во проектите за енергетска ефикасност, преку одвојување на финансиски средства наменети за индивидуални станбени објекти и згради, а преку програмата беше побарано од Вицепремиерот Битиќи да бидат опфатени и наши граѓани од најранливите категории.

Регионалниот директор на Француската агенција за развој, Арно Дофен, го информираше вицепремиерот Битиќи дека Агенцијата досега има алоцирано средства во износ од една милијарда евра за проекти во регионот во секторите енергетика, транспорт, пречистителни станици, отпад, општинска инфраструктура и за поддршка на Развојните банки, и изрази поддршка од Агенцијата нашата земја максимално овие можности.

Адаптацијата и отпорноста на инфраструктурата кон климатските влијанија се еден од најголемите предизвици во справувањето со климатските промени.

Зградите се одговорни за речиси 40% од емисиите на стакленички гасови поврзани со енергијата и се очекува употребата на енергија за ладење на просторот да се удвои до 2040 година. Земјите итно треба да ги намалат емисиите што ја менуваат климата и да се прилагодат на зголемените температури и другите климатски влијанија.

Владата на Република Северна Македонија продолжува со напорите за постигнување на целите за енергетска ефикасност, овозможување на мерки и активности за заштеда на електрична енергија, а со тоа и справување со влијанијата од глобалната енергетска криза.

Tags: Арно ДофенБитиќисредба
Next Post

ОН го обвинуваат Израел за воени злосторства со „колективно казнување“ на Газа

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk