ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ураган Отис: Мексиканските трупи се справуваат со грабежите во опустошеното Акапулко

October 29, 2023 10:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Би-Би-Си

Фото: Би-Би-Си

Share on FacebookShare on Twitter

Околу 17.000 војници и полицајци се распоредени во мексиканскиот туристички град Акапулко, каде што се случува голем грабеж откако регионот беше погоден од силен ураган, пренесува Би-Би-Си.

Видеата прикажуваат како луѓето земаат храна и вода од продавниците, додека некои си заминуваат со скапи електронски предмети и облека од трговските центри.

Официјални податоци говорат дека 39 лица загинале, а стотици илјади луѓе останале без струја и вода.

Отис во среда се појави на брегот на Пацификот, со ветрови кои достигнаа брзина од 266 км/ч. Тој се засили од тропска бура во ураган од петта категорија – најтешка категорија – за само 12 часа.

Акапулко беше меѓу најтешко погодените области во Мексико, со оштетени 80% од хотелите во одморалиштето и поплавени улици.

Бројот на загинати во сабота се искачи на 39 – 29 мажи и 10 жени, соопшти владата, додека најмалку 10 се водат како исчезнати.

На социјалните мрежи беа поставени видеа на кои се гледа грабеж во тешко погодените населби, бидејќи резервите на храна и вода сè повеќе се намалуваат.

Главниот пат што го поврзува Акапулко со остатокот од земјата дури сега е повторно отворен, овозможувајќи испорака на основните добра до градот.

Во населбата Ренацимиенто, жителите се лути поради недостигот на помош.

Владата не ни даде никаква помош, дури ни надеж“, изјави Аполонио Малдонадо за новинската агенција Ројтерс, кревајќи ги нозете од водата за да покаже длабоко црвени исеченици на потколениците. Не оставиле храна, па дури ни душеци или креветчиња.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор вети дека ќе помогне во обновата на градот, но ги обвини  политичките ривали дека го преувеличуваат обемот на грабежот за да ја дискредитираат неговата влада пред претседателските избори следната година.

Тие кружат како мршојадци, не им е грижа за болката на луѓето, сакаат да не повредат, бидејќи имало многу смртни случаи“, рече тој во видеото објавено на социјалните мрежи.

Официјални лица велат дека Отис била најмоќната бура што некогаш го погодила мексиканскиот брег на Тихиот Океан, чие уништтување се проценува на милијарди долари.

Марта Пешевска

Извор: ЦИВИЛ Медиа

 

Tags: Мексикоураган Отис
Next Post

ИМА со промоција на публикација и панел-дискусија за демократските институции, владеењето на правото и реформите во администрацијата

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk