Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира невистините изнесени на социјалните мрежи од страна на Наќе Чулев односно ВМРО-ДПМНЕ за наводно непреземање на мерки во врска со напад врз полициски службеник од Единицата за интервентна полиција, реагираат со демант од МВР.
„Напротив, преземени се сите неопходни мерки. Осомничениот С.С. е приведен и со него е извршен службен разговор. Одземен му е службениот пиштол и известен јавен обвинител, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело спречување на службено лице при вршење на службено дејствие и ќе биде поведена дисциплинска постапка. Апелираме до Чулев и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да шират лаги“, се наведува во демантот од МВР.
Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, претходно во објава на социјалните мрежи, праша „зошто Оливер Спасовски го крие настанот во кој обезбедување на високи функционер во МВР нападнал и претепал припадник на Интервентната полиција?“.